Search for content, post, videos

Внесот на витамин Ц и превенцијата од леукемија

Истражувањето објавено во научното списание Нејчр го поврзува внесот на поголема количина витамин Ц со смалување на ризикот од заболување од леукемија. Претходните испитувања веќе го поврзаа премалиот внес на витамин Ц со зголемен ризик од разни типови рак. Според најновите сознанија, витаминот Ц има клучна улога за нормално функционирање на матичните клетки, што доведува до смалување на ризикот од леукемија.

Научниците од Универзитетот на Тексас објаснуваат дека матичните клетки го користат витаминот Ц за регулирање одредени хемиски модификации на ДНК и активирање на гените. Според најновите сознанија, доволниот внес на витамин Ц е особено важно за луѓето со одредена мутација на генот Тет2.