Search for content, post, videos

Возете велосипед за подолг живот

Редовното возење велосипед е поврзано со речиси двојно помал ризик од заболување од рак и болести на срцето, покажува истражувањето на шкотските научници. Податоците од Универзитетот во Глазгов, собирани во период од пет години од околу 250 000 лица, покажуваат и дека одењето до работа пешки е подобра опција од седењето во јавен превоз или во автомобил. Научниците нагласуваат дека користењето велосипед како превоз до работното место кај повеќето испитаници станало пријатна навика која не бара посебен труд и силна волја. Редовното возење велосипед е поврзано со просечно 41% помал ризик од смрт од која било причина, 45% помал ризик од заболување од рак и 46% помал ризик од болести на срцето.

Учесниците во истражувањето поминувале 40-50 километри неделно, а поизразено позитивно влијание имало кај оние што возеле повеќе.