Search for content, post, videos

За делењето на постелата

ʼРчењето, туркањето, битката за прекривката, сето тоа се „благодети“ од делењето на постелата меѓу сопружниците, партнерите, љубовниците, што на крајот, велат научниците, може да придонесе и за појава на одредени заболувања. За некои луѓе што се во долга врска или брак тајна желба е да имаат кревет само за себе, а новото истражување покажува дека не треба да имаат грижа на совест поради тоа. Истражувањето на факултетите во Лидс покажало дека 29% од луѓето за својата ненаспаност ги обвинуваат партнерите. А не е тајна дека недостатокот на сон доведува до лошо расположение и слаба концентрација, а може и да го зголеми ризикот од развој на срцеви заболувања или дијабетес. Сепак, недостатокот на простор во креветот не е причина за прекин на врската, велат научниците, бидејќи се покажало дека луѓето во среќна врска сепак спијат подобро од самците бидејќи се чувствуваат сигурно и заштитено.