Search for content, post, videos

10 трикови за брзо и лесно да ја обновите кујната

Сакате нова кујна, но не можете да си го дозволите тоа. Во тој случај постои уште едно решение – направете неколку подобрувања кои на вашата кујна ќе и дадат сосема нов изглед а вие нема да морате да подигате кредит за да купите нова. Интересна идеја, нели?

Доколку се наоѓате и вие во ваква ситуација, тогаш откријте ги 10 трика како брзо и лесно да си ја обновите кујната да изгледа како нова, а притоа да потрошите малку пари…

1. Обојте ги плакарчињата

Бидејќи плакарчињата го покриваат поголемиот дел од просторот во кујната, изгледот на кујната најмногу го менуваат самите плакарчиња. Ако имате мала кујна пробајте го следниов трик – долните плакарчиња обојте ги со поинаква боја од горните плакарчиња. Ово изгледа особено добро ако горните плакарчиња ви се обоени во иста или слична боја како што е ѕидот.

2. Отстранете ги непотребните предмети од работната плоча во кујната

Сите минуваме многу време во кујната. Затоа таа и се смета за центар во домот. Но затоа и најчесто работната површина ни е преполна со разни ситници, кујнски предмети, но и непотребни нешта – сметки, иглички, ластичиња, по некоја дестка играчка, капаче, кутија. Обидете се на сите тие ситници да им го најдете местото. Некои од нив можеби навистина треба да стојат во кујната, но ставете ги во фиоката или пак соберете ги во една кутија и чувајте ги во шпајзот каде ќе ви бидат при рака.

3. Сменете ги рачките на плакарчињата

Тоа е едноставен начин да го смените изгледот на кујната. За да ја земете вистинската големина, со себе во продавницата понесете една рачка, во спротивно може да не ви се поклопат со дупките кои веќе ги имате од претходните рачки во плакарчето. Секако, ако имате рачки со само еднет штраф (отвор), тогаш можете д аодберете и други рачки, во зависност од тоа каде се поставени рачките.

4. Ново осветлување

Обидете се да ја промените вообичаената таванска светилка за поубав висечки лустер? Или можеби кујната би ви изгледала поубава со мали рефлекторчиња.

5. Обновете ги завесите

Ако се уште имате завеси на прозорците во кујната, обидете се да ги замените со венецијанер. Многу се попрактични и лесни за одржување, а воедно и ќе направат голема промена во домот.

6. Отстранете ги вратичките на некој од горните плакарчиња

Обидете се да го тргнете предниот панел на некое од горните плакарчиња и заменете го со стаклена вратичка, вратичка од плексиглас или декоративен метал. Веднаш ќе добиете отворен, проѕирен изглед и ќе можете да ги покажете убавите садови и чаши.

7. Купете нов сет чинии и чаши за кујната

Поставете ја масата со новите садови, а секако свежо ќе изгледа и нов чаршаф, овојпат со некој лесен, разигран, пролетен дизајн. Додајте и нова стаклена вазничка со убаво пролетно цвеќе и готово… за миг никој нема ни да забележи дека кујната е веќе застарена.

8. Купете нова маса и столчиња

Ова е можеби малку поскапа варијанта, но доколку сте во можност, секако изгледот на вашата кујна значително ќе се смени. Бидејќи масата и столчињата заземаат голем дел од вашата кујн, во истиот миг ќе добиете нова кујна – освен што ќе морате да одвоите одредена сума пари за да вложите во нив, и секако малку време за да ги разгледате понудите во продавниците и да ги одберете оние кои најдобро ќе се вклопат во вашиот амбиент.

9. Променете ја работната плоча

Можеби работната плоча во кујната ви е во сосема добра состојба, но секако бојата и изгледот се веќе застарени. Поевтина варијанта е да ја пребоите со специјална боја за такви површини или да ја “пресоблечете”, поточно да ја обложите со посебен материјал. Секако дека ќе ве чини нешто, но во никој случај онолку како да ја купите нова.

10. Обојте ги кујнските плочки

За ова ќе ви треба малку повеќе време и вештина, но затоа пак е многу поисплатливо отколку да ги менувате комплетно. Уште поинтересно решение е доколку имате еднобојни плочки, да купите интересна самолеплива шара за плочките и внимателно да ја залепите. Така плочките ќе делуваат како да се сосема нови. Само внимавајте да не претерате и да не добиете кич окружување.