Search for content, post, videos

Максимизирање на просторот во малите станови

Претворете го малиот стан во простор во кој ќе можете да ставите буквално сe, а сепак да имате доволно простор и удобност во своето живеење.

Големината на вашиот мал стан не треба да влијае многу на тоа како го користите својот дом, ниту пак треба да влијае многу на вашиот животен стил. Според дизајнерката на ентериери Фиона Лида, многу е лесно малата соба да ја претворите во отворен и скап простор сижо употреба на вистински мебел и додатоци во домот.

Мебел

Клучот за максимизирање на внатрешноста на станот е вистинскиот избор на мебелот. За вашиот простор да делува големо и пространо, одберете парчиња мебел кои ќе ви „заштедат” простор и ќе создадат илузија на уште една соба.

Најпрво, одберете мебел со ногарки за да му дозволите на делот под мебелот да оддишува со „простор”.

Избегнувајте да купувате мебел кој ќе го подели малиот простор на делови, зашто ова визуелно ќе го скрати и онака малиот простор. Наместо тоа, купете мебел кој ќе биде со чисти линии, кои како да се спојуваат една со друга. На пример, можете да направите комбинација од софа, кревет и масичка за кафе.

Барајте мултифункционален мебел којшто е дизајниран специјално за мал простор и на тој начин решете го и проблемот со складирање на предметите кои ги поседувате. На пример, креветот кој има “магацин” или фиока под себе ќе ви даде уште неколку метри лесно достапен, а сепак скриен складиштен простор. Истовремено, ако креветот се спушта ќе можете да го користите за спиење.

Бои

Постои старо верување дека светлите бои го максимизираат просторот, додека темните бои визуелно го минимизираат. Но, Лида вели дека нејзиното искуство не е вакво. Максимизирањето на просторот многу повеќе зависи од миксот на бои кои се користат во просторот, отколку од само една боја.

Па наместо да се решите за само една светла боја и неа да ја користите во целата просторија, координирајте ја шемата на бои со внимателно одбрана палета на комплементарни бои.

Ако се решите за бела просторија, дополнете ја со потемно тонови за да го избегнете стерилниот изглед на собата.

Во моментов црната боја е ин, посебно кога ќе се надополни со темните нијанси на други бои – зелена, сина, виолетова…

Продолжува на следната страна