Search for content, post, videos

Обоеното не значи и шарено

Времето на шарено обликуваните и дизајнирани простории помина. Всушност, и денес понекогаш се користат силни, честпати шокантни бои, но најчесто се одбира една водечка боја според која мора да се усогласат останатите бои и обоени предмети во просторот.

 

Многумина прават грешки при изборот на боите и нивното комбинирање. Иако делува едноставно, понекогаш откако ќе за заврши со потфатот, сфаќаме дека тоа не е крајниот резултат кој сме го посакувале. Затоа, водете се од следниве едноставни правила според кои полесно ќе се одлучите за боите во вашиот простор…

Белата им припаѓа на неутралните бои. Просториите обоени во бело делуваат светло и пространо, во нив се истакнуваат сите останати бои и делуваат свежо. Малите простории во кои треба да се сместат многу предмети, ќе делуваат многу попространо ако имаат бели ѕидови и бел тава. Ако додадете малку сива или зелена боја, ќе се ослободите од студениот впечаток на белото.

Светло сивата е исто така неутрална и делува слично како белата. Им се препорачува на сите оние кои сметаат дека белата им е премногу чувствителна. Меѓутоа, светло сивата не смее да добие син тон.

Сивата во разни нијанси е неутрална и воздржана боја. Бидете внимателни кога ја употребувате за големи површини и во темни тонови – во тој случај просторијата може да делува “мртво” и строго.

Жолтата делува живо и свежо и може да направи просторијата да делува сончево, светло и разиграно. Особено е препорачлива за студените соби, оние кои се поставени на северна страна како и за детските соби. Чистата лимон-жолта боја треба да ја употребувате многу внимателно бидејќи може да ги засени сите останати бои.

Црвената е најинтензивната боја за просториите. Делува топло и поттикнувачки, но треба да се нанесува само на мали површини. На големи површини ќе остави впечаток на тежина и тескоба. Помирна е црвената боја која преминува кон кафеаво – но и тогаш треба да бидете внимателна за тоновите да не бидат премногу темни.

Портокаловата исто така им припаѓа на топлите бои. Во малите простории не практикувајте да боите големи површини со оваа боја, исто како со црвената.

 Кремастата боја, светло кафеава во тонови до боја на песок, создава чувство на сигурност и топлина.

Зелената, кога ќе се измеша правилно, може да биде пријатна и симпатична боја, во исто време и топла и релаксирачка; најчесто се употребува во дневни соби. Меѓутоа, секоја многу светло зелена и тиркизна просторија наликува на бања. Ако на зелената £ додадеме сина, зелената ќе биде постудена.

Сината е најстудената боја и кога ќе се нанесе на ѕидовите во просторијата, прави да делува поголема. Затоа е и доста погодна за мали простории, како кујни и бањи, но и за соби поставени на јужна страна, кои се изложени на сонце. Светло сината нијанса особено добро прилега со мебел изработен од тиково дрво, но пред да ја нанесете на ѕидовите испитајте како делува кога се запалени светилките.

Повеќето бои во една просторија треба меѓусебно и хармонично да се ускладат. Затоа придржувајте се до следниве правила:

– просторијата обликувана со топли бои секогаш треба да содржи и неколку студени тонови, и обратно.

– на просториите на кои им недостасува сонце задолжително внесете им топли бои, а на премногу сончевите простории внесете им некоја студена боја.

– работните простории, претсобјата, како и деловите каде се наоѓаат скалите и просториите за чување и складирање треба да бидат обоени со студени бои.

– кујните во студени бои делуваат непријатно, затоа најдобро е да употребите светло жолта или кремаста.

– спалните соби поднесуваат жолти тонови; кога се на сончева страна, употребувајте што понежни, пастелни тонови.