Search for content, post, videos

ОД МОДА ДО МЕБЕЛ… но стилски!

Мебелот и уредувањето на домот ви се голема слабост, но истовремено имате дилема. Што да одберете? Дали ќе биде премалку или премногу? Што би ви одговарало најмногу? И што е во тренд?

Составивме листа од моментално најпопуларните трендови за уредување на домот. Внимателно разгледајте па одлучете. Но и да не се пронајдете во некој од нив, секогаш имате можност за мешање и персонализирање на стилот…

Индустриски стил

Груби површини, автентични материјали, недовршени ѕидови, се карактеристиките на индустрискиот стил. Неговата разновидност функционира насекаде, од деловниот до просторот за живеење. Функционира и во комбинација со елементи од некој друг стил.

Шеби шик

Се извлече од статусот минлива мода, а за солидниот успех може да му се заблагодари на својот „запуштено-елегантен“ стил. Се базира на јасните правила во тоновите на белата, сивата, пастелните и кремастите бои. Мебелот на шеби шик може да вклучува автентични парчиња „нагризени“ од времето или нови што поминале низ незаобиколниот процес на „стареење“.

Бохо шик

Од мода до мебел, бохо шик ја најде инспирацијата во седумдесеттите години на минатиот век и нивниот неконвенционален стил. Тајната е апсолутно слободното комбинирање. Мебел со меки линии, шарени ткаенини… сѐ со стил, се разбира!

Етно

Дајте им простор на боите, храбрите комбинации и додатоци од коноп, рафија, дрво, метал, перфориран метал и кожа. Ништо не може да го направи домот поличен од ситниците донесени од далечните патувања.

Класичен

Траен и сигурен, овој стил го карактеризираат едноставни линии и функционален мебел. Додатоците од ткаенини, како завеси и килими, ги пренесуваат традиционалните решенија, поточно избор на многу малку бои и формален ред.

Продолжува на следната страна