Search for content, post, videos

Одберете совршена трпезариска маса

Седете со стил, дали сами, дали со гостите кои го посетуваат вашиот дом. Сe што треба да направите е да одберете трпезариска маса која совршено ќе одговара на просторот во кој живеете.

Формата е важна

Тркалезните маси се добри кога сакате вашите гости да бидат близу еден до друг, да можат лесно да разговараат и да се вклучат во разговорот не само на оние кои седат веднаш до нив, туку и оние што се малку подалеку.

Правоаголните и квадратните маси лесно се вклопуваат во секој простор и со останатиот мебел, а доколку ви треба повеќе простор, кога организирате забава, доволно е само да ги поставите до ѕидот.

Одберете ја вистинската големина

Општо правило е дека на квадратна маса, со димензии 90х90см, или на тркалезна маса со дијаметар од 90см, ќе можат да седнат четири лица. За шестмина, одберете правоаголна маса со димензии 150х90см или тркалезна маса со дијаметар од 130см. За да седнат осуммина на една маса, таа треба да е правоаголна со димензии 200х100см или тркалезна со дијаметар од 150см.

Големината на масата треба да зависи и од големината на просторот во кој ќе ја ставите. Кога ќе ја одберете масата што ви се допаѓа, проверете дали ќе се вклопи во просторот за кој е планирана. Поставете весници на подот во големина на масата што сакате да ја купите и утврдете колкав дел од просторот зафаќа. Секако, треба да имате доволно празен простор од масата до другите парчиња мебел (околу 60-90см) за да можете да се движите непречено во просторијата.

Ако планирате да организирате формални седенки, размислете да купите маса која се развлекува и која ќе може да ја зголемувате по потреба.

Продолжува на следната страна