Search for content, post, videos

Секогаш е идеално време за преуредување… пробајте веднаш

Ако одлучите да го смените изгледот на вашиот животен простор, прочитајте ги следниве неколку инспиративни предлози за вашиот дом да заблеска. Бидејќи ова е идеално време за преуредување, па дури и реновирање, поиграјте си и смело уредете го вашиот животен простор…

 

Еколошки и природно

Основното правило, доколку сакате вашиот дом да биде модерен, тогаш треба да се раководите по принципите „еко френдли“. Тоа значи да одбирате нетоксични, еколошки бои за ѕидовите, а мебелот и деталите во домот претежно да се изработени од рециклирани материјали. Перниците, прекривките, навлаките… нека бидат од природни материјали.

 

 

Палета бои

Тиркизната, виолетовата, светло жолтата и коралната боја се модерни оваа сезона. Нека вашиот дом наликува на палета бои од природата. Бидете смели, не двоумете се.

Почнете со по некој детаљ во овие бои, но потоа храбро, слободно одбирајте и парчиња мебел… и ѕидовите можат да бидат шарени, но секако не сите.


Комбинирајте ги боите

Ако ѕидовите во собата се во силни бои, тогаш одберете детали со неутрални нијанси. Интересно ќе изгледа и ако комбинирате нијанси од една боја. На пример, ѕидовите да бидат во светло сина боја, а прекривките на креветите тегет.

 

Металното е ин 

Ако просторијата е во неутрални бои, разбијте ја монотонијата со метал. Одличен начин да се направи тоа е да додадете огледало со метална рамка или на пример, ако ѕидот е во нежно розова боја, да закачите слики и украси со рамка во боја на старо злато.

 

 

 

 

 

 Старинска романтика

За да ја постигнете оваа нота во вашиот дом, внесете лустери од ковано железо или брусен метал. Ако не можете да си дозволите антиквитети, тогаш доволно е да наликуваат и потсетуваат на старите времиња.
Налепниците го разубавуваат домот  

И со малите промени во своето окружување можете да креирате убави мигови со своите сакани. Во дневната или можеби во спалната соба поставете налепници на ѕидот. Тие ќе го освежат целиот простор и ќе внесат ведрина. Нека бидат во весели зелени нијанси. Предност е тоа што се заменливи, така што кога ќе ви здодеат, можете да ги тргнете и да ставите нови.

 

Ѕидови и тавани – едноставно реновирање на кујната

Вашата кујна ќе има нов и свеж изглед ако внесете нови бои на ѕидовите и таванот. Боите што традиционално се користат за боење на ѕидовите и таваните во кујните полека и со текот на времето излегуваат од мода, исто како што се случува со облеката. Затоа ако веќе неколку години гледате во истата боја во вашата кујна, тогаш време е да ја смените. Но ова не е неопходно ако ви се чини како голем зафат за пролетно освежување на домот – сличен ефект ќе постигнете ако поставите слики на кујнските ѕидови.

 

Стаклени облоги наместо плочки

Ако планирате реновирање, тогаш наместо за вообичаените плочки, одлучете се за стаклени облоги. Ова е еден од главните трендови оваа сезона. Предноста на новата декорација, поточно стаклена подна облога е големиот избор на дезени и бои.

Кога станува збор за дизајнот на ентериерите, стаклото полека но сигурно се избори за својата позиција. Стана атрактивен, но и практичен елемент за обложување на ѕидовите бидејќи така дојде до израз неговата функционалност и декоративност. Освен што се интересни и убави, стаклените површини во боја се и лесни за одржување бидејќи ги нема здодевните фуги.

 

Време е за поправки

Можеби веќе некое време ја одложувате поправката на чешмата и замената на некои стари и дотраени предмети дома, но треба да се погрижите да ги завршите овие работи. Заменети ги старите и дотраени чешми, скршените рачки на плакарите и другиот мебел, исфрлете ги старите прекривки и перничиња и купете нови… Зашто сите овие мали детали всушност го прават вашиот дом она што е.

 

Растенија 

Наједноставен и најлесен начин да го освежите домот е со помош на растенија и зеленило. Значи, време е да го средите балконот (или дворот доколку го имате), да внесете малку повеќе растенија во домот и да се препуштите на уживањето…