Search for content, post, videos

Што цвеќето говoри за вас?

Многумина веруваат дека вашиот омилен цвет е вистински показател на вашиот карактер. Проверете дали вашите карактерни особини кои се припишуваат на одредено цвеќе се точни и дали се пронаоѓате во нив…

 

Божури

Вие сте исклучително женствена и ја сакате модата. Имате плакар полн со безвременски парчиња облека со кои ја истакнувате својата женственост. Знаете да слушате, давате добри совети и затоа луѓето имаат голема доверба во вас. Сакате изненадувања и верувате во вистинска љубов.

Каранфили

Секогаш стоите цврсто на земја и објективна сте. Затоа пријателите ви ги доверуваат своите тајни и ве почитуваат. Најмногу ја ја цените верноста и по малку сте резервирана кон нови луѓе. Задоволна сте со мали нешта во животот, а големи промени ве плашат.

Лалиња

Чувствителна сте и внимателна. На прво место ви се семејството и пријателите. Лесно се поврзувате со нови луѓе. Сакате промени и лесно им се прилагодувате.

Темјанушки

Резервирана сте и само вашите вистински пријатели знаат каква сте личност всушност. Ја сакате својата приватност, имате суптилен пристап кон сѐ и ја цените едноставноста. Вие сте верна пријателка.

Гардении

Слатка сте и едноставно невина, со единствен стил. Сакате да истражувате и да експериментирате. Сонувате патувања на егзотични места, вие сте вистинска романтичарка.

Рози

Сакате патувања и авантури. Ве фасцинираат различни култури и нивните автентични обележја. Романтична сте и страсна, особено ја цените традицијата, па некои ви велат дека сте дури малку и “старомодна”.

Кринови

Чувствителна сте, љубезна и горда. Сакате да им помагате на другите луѓе. Вие сте олицетворение на мајчинска фигура во својата околина и затоа ве почитуваат. Горда сте на своите животни достигнувања.

Сончогледи

Секогаш насмеана, весела, топла и убаво расположена. Внесувате живост во секоја просторија. Вие сте вечен оптимист и полна со енергија. Лесно стекнувате нови пријатели.

Орхидеи

Вие сте пример за елеганција и софистицираност во една жена и секогаш внимавате на својот изглед. Многумина мислат дека сте малку мистериозна. Имате мал круг пријатели, но секогаш го кажувате она што го мислите и ја цените искреноста.

Нарциси

Уметничка душа која сака ред, работа и дисциплина. Живеете смирено, организирана сте и исклучително успешна во мултитаскингот.

Булки

Ве красат ентузијазам, живост и духовитост. Секогаш сте центар на забавата. Сакате да учите за нови нешта и да истражувате.

Ириси

Имате дива фантазија и исклучително сте креативна. Многу внимание ѝ посветувате на својата духовитост. Сакате да сонувате, а позната сте и како голем оптимист. Не сакате рутински нешта и лесно ви станува здодевно.