Search for content, post, videos

Со малку фантазија и совети… уредете го малиот простор

Градските станови се сè помали, па затоа треба паметно да го искористите просторот. А ентериеристите имаат неколку добри идеи коишто би можеле да ги примените, особено ако станот го уредувате сами.

1. Малку повеќе стил
И покрај тоа што големината на просторот е ограничена, тоа не значи дека не можете да го уредите со стил. Внимавајте на деталите. што и да ставите како основен мебел. Дополнете го просторот со предмети кои ќе го направат удобно место за домување, пријатно за око, а кои вашите гости ќе ги забележат веднаш – стилско огледало, старински часовник, висечки лустер со кристали, украсни предмети… Секако, боите треба да се комплементарни, а предметите да бидат во ист стил.

 

2. Едно необично уметничко парче
Наместо ѕидовите да ги китите со фотографии и уметнички слики, обидете се да најдете ѕид што ќе ви одговара најмногу и на него да поставите едно големо, впечатливо уметничко дело. Изборот на темата зависи од вас – дали сакате нешто апстрактно, модернистичко, пејзажи, портрет… Во секој случај, тоа мора да е големо и да внесе „драма“ во просторијата и да го привлече погледот на прв влегување во неа.

 

3. Вонземен ходник
Наместо да го претрупувате ходникот со плакари, закачалки, сандачиња за чевли, уредете го минималистички – неколку метални закачалки на ѕидовите и едно големо огледало. За ходникот секогаш одбирајте ја белата боја, бидејќи ќе му даде визуелно поширок лик на и онака малиот простор.

 

4. Луксуз и раскош
Барем еднаш во животот сте посакале да престојувате во хотел со 5 ѕвездички, во коишто креветите изгледаат како од бајките – големи, меки како памук и раскошни. Тој ефект можете да го постигнете и во вашата спална соба ако купите кревет кој ќе оддава впечаток на луксуз. А за тоа, освен големината, во најмала рака е важно да има и наслонка, која ќе биде изработена од кадифе. За да добиете вистински луксузен изглед, купете и столна ламба што ќе ја позиционирате на ноќната масичка. Не ставајте премногу детали за да не ја „затрупате“ собата со непотребни работи.

 

5. И бањата може да е со стил
Секој ентериерист ќе ви каже дека деталите се високо на листата приоритети при уредување на домот. А тука, секако, спаѓа и бањата. Зошто наместо класичниот изглед на бањата не се одлучите на еден малку поинаков чекор?! Ставете мала овална када и стаклена туш кабина, два мијалника (за да не се туркате наутро)… И секако неколку мини детали што ќе ја направат поразлична од сите бањи што се ги виделе досега.

 

6. Рај на отворено
Многу е лесно здодевната тераса да ја претворите во ваш мал рај на отворено. Првиот чекор е да ја затворите терасата од три страни (можат тоа да бидат монтажни ѕидови). Потоа ѕидовите бојосајте ги во темна боја, на пример тегет или маслинеста или бордо. Ставете две дрвени столчиња и мала масичка и веќе имате сосема поинаков простор за релаксирање. Бидејќи малиот стан е дополнет со мала тераса, на едната страна поставете огледало и ќе добиете визуелно двојно поголема тераса.