Search for content, post, videos

Пастелни бои за смирен тон на домот

Пастелните бои се најжешкиот тренд во домувањето во моментов. Нежните пастелни бои, споени со силните и неонски нијанси, даваат нов, поинаков и тренди изглед на било која просторија.

 

Само малку розово

Ѕидот со боја на ф’стак, дополнет со розова боја и нијанса на жолт лимон, ќе £ дадат софистициран изглед на собата за бебиња. Но, оваа комбинација на бои не е соодветна само за бебињата. Ако во просторијата наместо бебешко креветче ставите кауч, ќе добиете просторија со многу стил на која ќе ви завидува секој возрасен.

 

Потемни пастелни нијанси

Потемните нијанси на пастелните бои се совршени за просториите за “возрасни”, на пример во кујната. Искомбинирајте го чаршавот за на маса со софата која ќе ја обложите во пастелни бои. Останатиот дел од мебелот нека биде во природни бои – кафеава или зелена.

Асесоарите кажуваат многу

Сакате пастелни бои во домот, но не сакате да ги боите ѕидовите. Понекогаш е доволно во просторот во којшто живеете да додадете неколку различни асесоари во нежни или смели пастелни нијанси и да му дадете потполно поинаков изглед на просторот. Одберете вазни, перничиња, уметнички слики… Со мало вложување со големи промени.

Отворено и просторно

И малата дневна соба ќе добие поинаков изглед ако £ ја смените основата. Одберете сина боја за ѕидовите,  за мебелот и за завесите (во различни нијанси) и додајте уште некое перниче. За целосен изглед, дополнете ја просторијата со розови лалиња или рози, тие ќе му дадат природна боја на просторот.

Долгорочна разновидност

Најубавата работа поврзана со пастелните бои е нивната разновидност. Иако розовата искомбинирана со сината боја на прв поглед делуваат како детска комбинација, со вистински мебел, просторијата може да се трансформира во интересна дневна или спална соба. Без потреба да ги пребојувате ѕидовите.

 Продолжува на следната страна