Search for content, post, videos

За живот каков што секој посакува… дрвени куќи – “брвнари”

Не мора да бидат само викендички, напротив. Дрвените куќи во последните години се градат и како постојани живеалишта, некаде на периферијата од градот или во населбите каде што нема сообраќаен метеж. Освен квалитетно дрво, при изградбата може да се користи и друг материјал. Каменот, на пример. А доколку и внатре се уредат рустично, ќе изгледаат како од бајките. Траат долго време, издржливи се на температурните промени, разлики, и се одличен изолатор. Животот во нив е, без сомнение, поздрав.

 

Помина времето кога луѓето бараа станови во центарот на градот, блиску до работните, местата за шопинг и така натаму. Денес приоритет им се дава на периферните населби во кои е помирно, тивко, подалеку од бучавата, вревата, а и воздухот е почист. Некои семејства дури и ги продаваат становите со цел да се преселат во куќа, на место каде што не се чувствува толку напнатоста, работите не се одвиваат со толкава брзина. Дури некои се подготвени да поминат неколку километри возејќи да стигнат на работа, и да се вратат дома, да се релаксираат во амбиентот, блиските, окружувањето, без дополнителен стрес. Велат дека животот во куќа е поинаков, денот секогаш е различен, поисполнет, а помалку се гледа и телевизија. Вестите и дневниците полни со неубави информации се заменуваат со работа во градината, дворот, или уживајќи  во разговорот со домашните, во заедничката смеа, со шолја кафе. Така функционираат повеќето жители на светските метрополи, а и веќе не се стреми кон изградба на мегаломански зданија што повеќе личат на деловни објекти, музеи, отколку на живеалишта. На луѓето им недостасува топлината на живеењето, како некогаш, наспроти студенилото на бетонските згради во кои и соседите веќе ретко се поздравуваат.

На луѓето им недостасува топлината на живеењето, како некогаш, наспроти студенилото на бетонските згради во кои и соседите веќе ретко се поздравуваат. Затоа многумина становите ги заменија со куќи, и тоа дрвени.

Затоа многумина становите ги заменија со куќи, и тоа дрвени. Познати се како брвнари, а најголем е интересот во Америка и на Скандинавскиот Полуостров. Нивната предност ја забележаа и жителите на останатите европски земји, па, така, речиси нема семејство чиј долгорочен план не подразбира и куќа од дрво или викендичка, сеедно. Можеби стандардот порано им го дозволуваше тоа, но сега е поинаку. Економската криза, рецесијата ги погоди сите. Ете уште една, дополнитена причина за луѓето да одлучат наместо стан да купат или направат “брвнара”. Освен што е повтина, дрвената куќа има и многу други предности.

Економската криза, рецесијата ги погоди сите. Ете уште една, дополнителна причина за луѓето да одлучат наместо стан да купат или направат “брвнара”. Освен што е повтина, дрвената куќа има и многу други предности.

Живеењето во дрвена куќа е стил

“Брвнарите” како живеалишта почнале да се градат пред две-три илјади години, и тоа во северна Европа. Нивната ефикасност први ја увиделе Американците чии куќи, повеќето, и ден-денес се дрвени. Скандинавците исто така преферираат “брвнари”, наместо станови или куќи од тули, цемент и слично. Тие ја продолжуваат традицијата и кога е во прашање местото на живеење. Нивната предност ја забележаа и голем број Македонци, па, така, одлучија да го сменат домот. Најпрвин поради значително пониските цени, два-три, па дури и четири пати поевтини од становите. Освен тоа, изгледаат како што сакаат купувачите, бидејќи се прават по желба, а и локацијата си ја одбираат самите. Дрвените куќи треба да се вклопат во окружувањето. Затоа не се препорачува тие да се градат во централното градско подрачје каде што доминира бетонот како градежен материјал.

Совршени се местата близу некоја шума, на периферијата или во подножјето на околната планина. Доколку “брвнарата” служи како постојано живеалиште треба да се внимава да има и превоз, патот да биде прооден, да има санитарен јазол, довод и одвод, струја. А викендичката може да се направи било каде, крај езеро, река, во село и така натаму. И кај нас, во минатото, се граделе дрвени куќи, но поретко. Преовладувал каменот. Сега постојат фирми што се занимаваат со продажба на “брвнари” кои се готови за само неколку дена. Повеќето се монтажни, но упатените велат дека најдобро е таквите куќи да се прават на лице место, од темел, дрво по дрво. Начинот на изградба значително се разликува од оној пред стотина години. Сепак, принципот е ист.

 

Денес има пософистицирани алатки и машини за обработка на дрвото. Пазарот нуди и друг вид, современ градежен материјал кој, пак, ако се комбинира со дрво, може да се направи нешто навистина интересно. Нивната топлина се чувствува и однадвор, а кога вештината на старите мајстори ќе се спои со техниката на канадските градители, кои се најуспешни во оваа работа, тогаш желбата да се живее во “брвнара” е поголема од с#. Гарантираат спокој и, се разбира, здрав живот. Замислете, секое утро се будите опиени од мирисот на дрвото, неговата чистота, како во природата. Веројатно затоа “брвнарите” најмногу се вклопуваат во природен, недопрен амбиент. Но тоа не значи дека не може да ја поставите во некоја приградска населба. Важно е местото да ви се допаѓа вам, да имате убаво окружување и с# што е потребно за живот. Другото е стил. Не може секој да живее во дрвена куќа. Треба да се сака природата, да се има развиено чувство за убавото, да се води живот согласно природните закони.

Дрвените куќи треба да се вклопат во окружувањето. Затоа не се препорачува тие да се градат во централното градско подрачје каде што доминира бетонот како градежен материјал. Совршени се местата близу некоја шума, на периферијата или во подножјето на околната планина.

Брвнара“, за поевтин и здрав живот

Нивната предност е многукратна. Освен што чинат помалку, и живеењето во нив е поевтино. Трошоците за одржување се исто така ниски. Но, тоа не важи за сите дрвени куќи, особено не за монтажните. Идеални се оние чии ѕидови  се направени од трупци со пречник од 22 до 44 сантиметри. Тие имаат најголема изолација, па затоа “брвнарите” се познати и како нискоенергетски куќи што значи дека зиме користат малку енергија за да се стоплат, а лете да се изладат. Ако дрвото се обработува рачно, тогаш визулениот ефект ќе биде поголем, а “брвнарата” ќе изгледа како стопена во природата. Дури и не мора да се полира, од здравствени причини. Таквите трупци се антиалергенски, не предизвикуваат алергија дури ни кај пречувствителните луѓе. Еколошки се, и саморегулативни во однос на влагата и темепратурата, секако.

Нивната топлина се чувствува и однадвор, а кога вештината на старите мајстори ќе се спои со техниката на канадските градители, кои се најуспешни во оваа работа, тогаш желбата да се живее во “брвнара” е поголема од што било. Гарантираат спокој и, се разбира, здрав живот.

Наспроти ѕиданите, во кои нема циркулација на воздухот, зашто се херметички затворени па е неопходна вентилација, во дрвените куќи нема потреба од какви било уреди будејќи проветрувањето е природно, и се врши преку трупците. Од друга страна, дрвото е и одличен изолатор. Температурата ја одржува постојано иста, без дополнително греење. Топлина се губи само преку стаклените прозорци, речиси незабележливо. Сепак, дрвото придонесува зиме да биде топло, а лете да се чувствува свежина. Истовремено ја регулира и влагата, а тоа значи дека не се потребни уреди за климатизација и за влажнење на воздухот. Доколку има вишок влага, трупците ја апсорбираат и обратно, ако воздухот е сув ја ослободуваат. Исто така, дрвото во својата микроструктура е дифузно, го пропушта воздухот во двете насоки. Притоа осигурува непрестајно кружење на воздухот однатре и однадвор. Од тие причини нема потреба одвреме-навреме да се отвораат вратите, прозорците, а нема ни провев. Токму затоа, за “брвнарите” се вели дека дишат.

Не им може ништо ниту едно годишно време, ниту една поголема температурна промена, разлика, поотпорни се од куќите изградени од тули, цемент, а имаат и подолго време на траење, стотина години, и повеќе. Толку може да трае и мебелот внатре, особено ако е рустичен. А и најмногу им прилега на “брвнарите” поради, како што се вели, кокетирањето со отворениот простор. Можеби затоа дрвените куќи изискуваат големи прозорци, да се чувствува допирот на природата. А мебелот од дрво, камен и штоф (волна, коноп, крзно, памук и слично) само ја заокружува целината. Каминот е незаобиколен детаљ, лустерот од ковано железо исто така, а масичето и столчињата веќе напролет може да се изнесат во дворот, пред “брвнарата”, и да се ужива во амбиентот и, се разбира, во животот, потполно.