Search for content, post, videos

Нешто сосема поинакво – мебел во куфери

 

Мебелот може да се изработи од разни предмети и на разни начини, така што ќе имате нешто штосно и необи;но, сосема поинакво од сето она досега виденото. Пример за тоа е мебелот изработен од старински патни ковчези…
Оваа креативна колекција на мебел доаѓа од компанијата Ресторатион Хардваре, а во понудата има неколку навистина необични парчиња кои ќе ги воодушеват сите оние вљубеници во нешто поинакво.
Ричард Транк го претставува мебелот и тоа низ посебни примероци, изработени од старински патни ковчези кои некогаш му припаѓале на патникот Том Ричардс.
Масички, тоалетни масички, полици за книги, плакарчиња… Не само што на просторот му даваат старински тон, туку содржат и простор кој може да се искористи за чување многу потреби.
Без оглед дали некое од овие уникатни парчиња мебел ќе го поставите во дневната или во спалната соба, просторијата навистина ќе изгледа интересно.