Search for content, post, videos

Незамислива леснотија на живеењето… Електрична светилка

Без електричната светилка нема да има светлина навечер, ќе бидеме во завиткани во мрак, ќе бидеме немоќни вечерно време. Сонцето ни ја дава светлината преку ден, а навечер настапува елетричната светилка. Светилката е едноставна направа за претворување на електричната енергија во вештачка светлина, која вечерта ја претвора во ден.

Од историјата на светилката…

Се до пред 200 години светлината од свеќите била најдобра вештачка светлина. Широката употреба на внатрешно и надворешно осветлување станала можна тогаш кога научниците успеале да ги совладаат моќите на гасот, а потоа и на електрицитетот, за потоа да пронајдат нов начин за нивна употреба, на пример стаклената светилка. Да се живее без никакво осветлување претставувало голема тешкотија, па затоа користењето на маслени ламби и на свеќи од животинска маст го направило животот полесен за многу луѓе.

Пронаоѓањето на гасното осветление на крајот од 18 век го означило значајниот напредок во светлинската технологија, како појавата на електрични ламби на крајот од 19 век. Маслото неможело да гори лесно на ниски температури, а можело да биде запалено од чкорче само ако имало фитил (парче материјал конец или коноп што го впива маслото). Кога до фитилот ќе се доближело запалено чкорче, топлината од пламенот претворало мало количество од маслото во испарлива материја што се запалува. Се мислело дека гасот од јаглен нема вистинска употреблива вредност се додека Вилијам Мудрок не го употребил за да ја осветли својата куќа во Корнвол околу 1799г. Две години подоцна тој ја осветлил целата фабрика Сохо Фаундри во Бирминген, па постепено гасните материјали и гасната светлина почнале да се користат низ Британија. Пламенот на голиот гас бил блед, треперлив и жолт се до 1890г., кога бил претворен во бела светлина со помош на обвивката од гас – мрежа од метални оксиди ставена врз гасот. Но тогаш,електрицитетот почнал да станува достапна алтернатива.

Електричната батерија била пронајдена од Волта во 1799г., па луѓето насекаде низ Европа почнале да експериментираат со овој нов вид на електрицитет. Хемфри Дејви, кој работел во Лондон околу 1810г., ја измислил лачната ламба. За оваа ламба биле користени две јаглеродни прачки, секоја поврзана со по еден крај од голема батерија. Дејви ги допрел електродите една од друга, со што го скратувал калемот, а потоа ги одделувал по еден милиметар. Електричната струја ја прескокнувала празнината меѓу двете електроди, при што се создавала плазма што силно светела. Оваа појава, наречена електричен лак, била првиот доказ дека електричната светлост е можна. Со извесни унапредувања, во 1810г., овој пронајдок станал понат како „ламбата на Дејви“.За несреќа, овој вид јаглерод тешко се управувал, бидејќи електродите постојано согорувале, а оваа силна светлина може да предизвика оштетување на очите. Сепак, лачните ламби биле употребувани за осветление на улиците или светилниците.

Пронаоѓање на електричната светилка

Пронаоѓањето на електричната светилка паралелно се врзува со имињата на двајца научници: американецот Томас Алва Едисон и британецот Џозеф Вилсон Свон. Во февруари 1879 година првата светилка што имала жичка од чист јаглерод, затворена во стаклена топка во вакуум ја пронашол Џозеф Свон. Се верува дека Хајнрих Гобел направил функционална светилка три децении претходно, а Александар Николаевич Лодигин развивал електрична светилка речиси во исто време. Иако Едисон не бил првиот што ја направил светилката, неговиот модел бил пораспространет бидејќи траел подолго и претставувал дел од цел систем за осветление. Едисон се концентрирал на комерцијална употреба и успеал да го рашири новиот концепт по домовите и индустријата со производство на долготрајни светилки. Светилката на Едисон барала многубројни тестирања со невообичаено голем број обиди, грешки и употреба на 6000 супстанци, додека упорниот истражувач не го открил карбонизираното бамбусово влакно, кое во вакумот светело преку 1000 часови. Тоа, од своја страна, водело кон унапредување на генераторите на електрична струја и го револуционизирало осветлувањето во домаќинствата и јавното снабдување со електрична енергија. Светилката Едисон официјално ја патентирал во 1880г. Оттогаш па наваму овој пронајдок ни го осветлува вечерното време се до утрото и појавата на првите сончеви зраци.

За да го разубавите вашиот дом и да ја разбиете монотонијата еве ви неколку примери како да ги украсите вашите електрични светилки, за да ви биде домот, поубав, разигран и шарен. Бидете иновативни, креативни и направете го домот интересно катче за живеење.

 

Силвана Јованчева