Search for content, post, videos

8 совети за совршено уреден мал стан

Дизајнерите од дизајнерското студио Michelle Williams Interiors ги откриваат тајните за уредување на малиот стан. Еве ги нивните правила кои ќе ви го разубават ентериерот и ќе ви го олеснат животот.

 

 

1. Пуштете ја светлината внатре! Освен големи прозорци, потребни ви се и неколку високи ламби кои својата светлина ќе ја шират нагоре. На заборавајте ги ни аглите. Ако ги оставите темни, тогаш и просторот визуелно ќе делува помал.

 
2. Купете мебел кој ќе има повеќе намени. Тоа значи дека едно парче мебел ќе може да ви послужи за две или повеќе намени. На пример, масичката за јадење да може да се спушти (во ногарките) и да се претвори во масичка за кафе.

 
3. Користете едноставни бои. Шаренилото само ќе го смали и така малиот простор. Одберете основни, неутрални бои на кои ќе можете да им додадете и мали дози на некоја силна боја (на пример преку перничињата) и на тој начин ќе направите просторот да делува поинтересно.

 
4. Поиграјте се со текстурите. Направете го просторот поинтересен со интересни мотиви. На пример, дијагоналниот дизајн на килимите е една таква идеја.

 
5. Огледалата прават чуда во малиот простор. Поставете ги така што ќе рефлектираат нешто што е вредно за гледање, а притоа вашиот животен простор ќе изгледа многу, многу поголем.

 
6. Местото за одмор треба да биде доволно големо. При планирањето на просториите, осмислете го местото каде ќе поставите доволно голема софа на која ќе можете да седнете и вие и гостите. Во секој случај, избегнувајте ги големите потпирачи за раце и другите елементи кои ја смалуваат употребливоста, поточно корисната површина за седење.

 
7. Закачете ги завесите од таванот до подот – така ќе создадете илузија на висок таван.

 
8. Проѕирните масички и ламби визуелно ја прошируваат просторијата. Размислете за ламби со стаклени детали, масички од плексиглас и воопшто за мебел на кој му се гледа долниот дел, основата.