Search for content, post, videos

Часовник што го гравира времето

Постојат многу начини да се покаже точното време, а дизајнерите на швајцарската компанија 42foundry осмислија еден исклучително креативен. Тоа е единствениот часовник ETCH.

Со мазна површина како камен врамен во алуминиумска рамка, ETCH на прв поглед не изгледа воопшто поразлично од другите декоративни предмети во ентериерот. Но, она што изгледа како неподвижна површина, повремено формира дигитални карактери што покажуваат точно време. Тајната е во еластичната мембрана што ја претставува површината на часовникот и овозможува да се креира елегантен 3Д ефект. Откако ќе го прикаже времето, мембраната лесно се враќа во првобитната положба. Димензиите на часовникот се 40х40 сантиметри, тежи околу шест килограми, а може да се чува на маса или да се закачи на ѕид. Со помош на соодветна апликација на мобилниот телефон, може да се усклади времето што го покажува ETCH со моменталното време. Апликацијата овозможува и да се одберат два начина на прикажување на времето – едниот начин е прикажување на времето на секои 30 секунди, а другиот е прикажување на времето на секои 30 секунди само ако регистрира звуци во просторијата. Часовникот ETCH е исклучително ефективен детаљ во ентериерот, а чини 1450 долари.