Search for content, post, videos

Детска мини-спална соба „ТИПИ“

Детската игра нема граници, ниту фантазијата, и таа не треба да им се ускрати. Дури и кога се Индијанците во прашање, нивниот стил, начин на живеење. Детската мини-спална соба наликува на индијански шатор, направен од синтетичка кожа во боја на праска, а во неа се сместени кревет, складиштен простор, кутија за играчки на тркалца и орман изработен од дабовина, премачкана со акрилик. Деталите се алуминиумски. Шаторот, со димензии 280×245 см, е огноотпорен. Тежи 371 кг.

На пазарот може да се најдат и поедноставни изведби на шатори „Типи“ кои одлично се вклопуваат во детската соба. Одберете го дизајнот во согласност со желбите на вашето дете и внесете малку возбуда вонајомиленото катче на секое дете – катчето за играње. Со малку креативност можете и самите да направите персонализиран „Типи“ шатор.