Search for content, post, videos

Дизајнерски тајни во вашиот дом

Дизајнерски тајни во вашиот дом
Доколку се решите да бидете сам свој мајстор во домот, кога е во прашање неговото уредување, овие неколку тајни на познатите ентериеристи многу ќе ви помогнат.

 
За мебелот…
Дизајнерката Бети Бурнам советува уште веднаш, денес кога ќе дојдете дома да го повлечете мебелот за неколку сантиметри од ѕидот за да овозможите проток и слободно струење на енергијата низ домот. Веднаш ќе почувствувате како просторот дише.

 
За правилата…
Били Болдвин, познат ентериерист, вели дека при уредувањето на просторот секој дизајнер крши многу правила во процесот на неговото осмислување. На крајот на краиштата, поважно е дали самиот простор ја одразува личноста на сопственикот или семејството кое живее во него. Затоа, правилата постојат за да се кршат. Едноставно, само водете сметка за практичноста на просторот.

 
За боите…
Дизајнерката Кристина Марфи вели дека при изборот на боите за домот треба да се биде похрабар, а не да му се робува на клишето. Ако не сакате да живеете во соба со црвени ѕидови, постои и друг начин да го разиграте и освежите домот, а притоа да не е класичен – шарени детали како на пример, ламби, чаршафи, рамки за слики, перничиња.

 
За таванот…
Алберт Хадли смета дека таванот е најзапуштениот дел од просторијата. Таван во боја или со шари, како оние од времето кога се боеја ѕидовите со валјак кој остава шари – тоа е навистина освежувачко и оригинално. Веднаш ќе го почувствувате својот дом како оригинално и потопло место за престојување.

 
За старото и новото…
Иштван Франсер советува дека кога го уредувате домот треба да комбинирате старо и ново. Но тоа не значи дека треба веднаш да трчате во антикварница. Напротив, врамете ги старите фотографии од своите предци, од вашиот град. Таквите детали на домот му даваат дух на вистинско семејно огниште.

 
За тапетите…
Ентериеристката Линдзи Корал Харпер обожава да лепи тапети насекаде, и тоа го промовира како многу интересен начин за украсување на домот – на пример, на таванот, на плакарите, во малите вдлабнувања на ѕидовите, на вратите… с# зависи од тоа што ви се допаѓа.

 
За удобноста…
Марко Хемптон истакнува дека при уредувањето на домот, без оглед на тоа кој стил најмногу ве привлекува, најважно е вашата куќичка да биде удобна.

 
За светлината…
Како еден од најважните детали во домот Оскар де ла Рента ја издвојува светлината, и тоа добра светлина во секој дел од денот. Природната светлина е најдобар извор, но секако ќе ви биде потребна и вештачка светлина. Внимателно проучете ја секоја просторија, забележете колку природна светлина има преку ден и колку ќе биде потребно за навечер добро да се осветли. Дури потоа одете во набавка на лустери, ламби, светилки…

 
За деталите….
Најмалите ситници му даваат посебност на просторот. За Остин Ворнер деталите се завршниот чин на секоја приказна при уредувањето на просторот. На таквите додатоци дајте им личен печат за да можат да ја раскажуваат вашата приказна. Такви детали се на пример, школките кои ги извадивте од дното на морето кога бевте на летување, честитките кои децата ви ги прават за роденден, или некој празник, вашата прва чевличка во која сте прооделе или првите балетанки на вашата ќеркичка…