Search for content, post, videos

Импресивните висечки тушеви Rainmaker Select

Новата линија висечки тушеви Rainmaker Select на компанијата Hansgrohe го претвора туширањето во врвно сензуално искуство и ја трансформира бањата во вистинска оаза на уживањето и место за релаксација.

Површината на тушевите без рамка, окружена со тесно куќиште изработено до хром, пружа врвен изглед и ги прави овие тушеви погодни за секоја бања. Импресивниот дизајн го красат и новата бела стаклена површина и сјајниот метал кои се изработени од најквалитетни материјали, што го прави целиот амбиент на бањата исклучително пријатен и визуелно ги дополнува другите елементи на бањата. Тушевите Rainmaker Select ги карактеризира и фантастична прецизност на изработка и завршна обработка, за што најдобро сведочи податокот дека има повеќе од 200 отвори на стаклената плоча што го покрива тушот, направени со помош на исклучително прецизен ласер. Тушевите се достапни во големини од 460 и 580 милиметри и овозможуваат целосно уживање со повеќе различни видови млазови.

Тушевите Rainmaker Select се одржуваат и чистат исклучително лесно бидејќи за првпат целата глава на тушот може да се извади, а заради дополнително чистење и плочата може да се одвои од главата.