Search for content, post, videos

Луксузна када од природен камен

Благодарение на данскиот производител Muubs, сега во вашиот дом можете да внесете уникатно парче од природата, кое воедно ќе го претвори капењето во единствено искуство. Кадата Riverstone претставува вистински допир на луксузот и доминантен детаљ во бањата.

Секоја од кадите е оригинална и изработена од природен камен. Необработената надворешност на кадата е впечатлива и сурова, додека  мазната внатрешност претставува визуелно интересен контраст и обезбедува исклучителна удобност и смирувачко чувство на сигурност. Несекојдневниот материјал од кој е изработена и големите димензии гарантираат дека кадата ќе стане централна точка на секоја бања во која ќе се постави. Кадата доаѓа во димензиите 205 х 88 х 70 сантиметри и нејзината надворешност е во природната боја на каменот.