Search for content, post, videos

Новогодишен Фенг Шуи

Дефинитивно, најинтересните мигови поврзани со најшарените и највеселите празници во годината се оние кога го украсуваме домот. Веројатно и вие ја чувствувате онаа возбуда како кога бевте дете додека ја китите елката

ги поставувате разните украси, го закачувате венчето на влезната врата… А атмосферата потоа, едноставно не може да се опише со зборови. Оваа година при украсувањето може да ви помогнат и неколку Фенг шуи совети…

– Главните светилки не треба да бидат многу јаки;

– Додајте повеќе перничиња на креветите или некои други тркалезни предмети кои ќе го поттикнат протокот на позитивната енергија;

– За да го подобрите здравјето, божиќната ѕвезда или некое друго живо цвеќе во саксија ставете го на средината на просторијата (на пример централно на масата, идеален украс е поинтсетија);

– Украсните ангели поставете ги лево од влезната врата, па на тој начин ќе ја обезбедите помошта од драгите луѓе;

– Во десниот агол спротивно од влезната врата ставете две миризливи или украсни свеќи со кои ќе обезбедите многу љубов и разбирање. Најдобри бои за свеќите се жолта, црвена и розова;

– Освежете го домот со свежи бои и пријатни мириси;

– Елката поставете ја наспроти влезот во вашиот дом. На тој начин ќе осигурате подобри семејни односи;

– Не избегнувајте светликави украси бидејќи огнот симболизира слава и углед, а сијаличките симболично претставуваат оган;

– Зад вазната или саксијата со цвеќе поставете украсно огледало за убавината да се удвои;

– И најважното на крајот – дозволете им на децата да уживаат, не викајте им постојано и не им забранувајте сѐ. Оставете ги да се веселат со полно срце и насмевка на лицето, затоа што тоа е најблескавиот новогодишен украс на домот, а нивната гласна смеа најубавата божиќна песна!