Search for content, post, videos

Дворецот во небо – Пена, Синтра во Португалија

Допирајќи го крајот на Европа, високо горе се наоѓа запрепастувачки убавата палата Пена над Синтра во Португалија. Романтичниот дворец Пена гордо стои на врвот на планината која надвиснала над малото португалско гратче Синтра. Лежи на некогашен стар манастрир кој бил разрушен од земјотрес во XVIII век. Кралот Фердинанд II решава токму на ова место да ја изгради својата летна резиденција. На тој начин никнува дворецот Пена кој сведочи за својата историја и до ден денешен. Замокот е многу магичен како во бајките, а толку реален. Кралот имал идеја да го изгради дворецот да биде нешто волшебно, комбинирајќи ја готската и исламска ренесанса, опркужена со голема градина на егзотични цвеќиња и растенија. Да се стигне до дворецот е малку напорно, но прошетката и искачувањето кон дворецот преставува како влегување и шетање низ сон. Преубавите езера и водопади кои се издигнуваат и спуштаат од водата, црните и белите лебеди, танцувајќи низ водата, преставува гледка само од соништата. Убавите високи дрва и целата вегетација ја надополнуваат волшебната слика на дворецот Пена кој се издигнува високо кон небото. Кога ќе стигнете до дворецот првиот поглед на сета убавина ви го одзема здивот, не напорното пешачење до горе. Здивот ви го зема и самата помисла на реалноста на вашиот сон кога ќе го видите дворецот Пена. Волшебниот пример на португалската романтичност обвитката со дизајн како во бајките, ви го обзема срцето.  Вистинско магично место кое стои како круна на врвот на планината.

Од историјата на Пена… изграден од кралот Дон Фернандо II, внук на кралот Алберт и кралицата Викторија, на кого местоположбата на стариот манастир за која слушал приказни како дете, многу му се допаднала. Изградбата започнала во 1842 година, а завршила во 1854 година, што значи цели дванаесет години е граден овој дворец. Но, историјата на ова место датира многу поодамна уште од средниот век кога на врвот на брдото над Синтра, била изградена мала капела посветена на “Дамата од Пена“ како што ја нарекувале тогашните жители, а поточно била посветена на Света Богородица. Со векови Пена било мало, божествено мирно место за медитација. Потоа на ова место е изграден манастир кој бил разурнат во големиот земјострес во 1775 година и се до доаѓањето на кралот Фердинанд II стои така недопрен во урнатини, кога тој решава ова место да го транформира во  прекрасно место за живеење во летните месеци. По смртта на кралот Фердинанд II палатата е дадена во рацете на неговата втора жена Елиса Хенслер, грофицата од Едла, за подоцна таа да ја продаде на кралот Луј кој ја користел како резиденција за целата кралска фамилија. Во 1889 година е завземен од страна на португалците и по републиканската револуција во 1910 година оваа палата е класифицирана во националните споменици на Португалија и транформирана во музеј. Последната кралица на Португалија, кралицата Амелија, ја поминала ноќта во овој дворец пред да ја напушти земјата. Во 1995 година палатата и целото културно богатство на Синтра ставено е под закрила на УНЕСКО и се вбројува во светското национално богатство.

Еден од најинтересните детали во палатата Пена е што се чуваат сите работи онака како што било за време на кралот Фердинанд. Влегувајќи од една просторија во друга имате чуство дека тука сеуште живее некој, дека сите работи се користат, и очекувате дека ќе видите некого од кралското семејство во следната просторија. До тој степен е се зачувано од тоа време зошто кога ќе влезете во одаите од дворецот се чуствувате како да сте дел од приказната. Окружувањето на палатата е посебна приказна. Окружен со мистичниот парк дворецот наликува на ботаничка градина во која виреат сите растенија од светот. Градина во која можете да уживате во преубавите цветови на многубројните цвеќиња кои се донесени овде, во преубавите дебели сенки на најразличните дрвја кои ги има во изобилство, фонтаните со вода и водопадите кои ја дополнуваат волшебната глетка и уживање во оваа палата. Тука во паркот е големата статута на кралот Фердинанд со поглед кон палатата и местото од каде се пружа најубав поглед на палатата и на целата градина место наречено Круз Алта. Паркот ја окружува целата палата Пена, а е направен истовремено кога е градена и палатата. Кралот нарачал дрвја од сите страни на светот кои успешно виреат во овој прекрасен парк со што допринесуваат убавината на целиот впечаток да биде уште поголема.

Интересно е што боите на дворецот се менувале постојано од црвени и жолти фасади на дворецот, до сиви. Меѓутоа оригиналниот изглед на палатата е фасада со различно бои, каква е и денес. Кралските балкони се дефинитивно најдоброто место за посматрање на околината и архитектурата на палатата. Посебно од  балконот на кралицата има преубав поглед на околината и на саат кулата која во времето на кралицата секој ден точно на пладне преку пукањето на топот го означувал пладнето. Дворецот Пена за релативно кратко време ги придобил посетителите и нивната восхитеност од убавините на Пена ја пренесат на други посетители кои неуморно доаѓаат да ја видат оваа необична и магична убавина.
Силвана Јованчева