Search for content, post, videos

Евиа – островот на море, бањи и планини

Евија островот на море, бањи и планини е вториот по големина остров во Грција, на околу 80 километри од Атина. Целиот остров е прекрасен, од југ кон север. На северот од островот се познатите местенца како Едипсос, Пефки и Неос Пиргос. Едипсос е „три во едно“, море, бања и планина. Ако сонувате за долга, песочна плажа, лежалки, чадори, ако ви треба некој друг звук покрај звуците на морето (читајте музика од кафулето), заборавете на Едипсос. Има кафулиња, музиката е дискретна, а за лежалките и чадорите ќе треба сами да се погрижите. Се вели дека Едипсос е „три во едно“, море, бања и планина.  Водата од чешмите на Евија или барем во Едипсос, може да се пие. Тука има и топли бањски извори, кои се многу лековити за здравјето. Дури и лековитата вода е бесплатна, може да се капете во природните базени во морето, но, велат, не подолго од половина час, бидејќи не е добро. Лековитата вода што се влева во морето е толку топла што многу луѓе се капат дури и ноќе. Велат дека е добро за сите. Не оди да ја напуштите Евија, а да не го пробате маслиновото масло или медот по кој е познат овој остров. Од Евија можете да одите на разни екскурзии, од посета на манастири до Атина, островите Скијатос, Скопелос, Егина и посета на архипелагот Лихадонисија. Евиа е остров на убавините.

С.Ј.