Search for content, post, videos

КРСТАРЕЊЕ ДО РАЈОТ – Aziz sea trips

Дали сте подготвени за едно големо уживање кое ќе ви го одземе здивот? Ве водиме во Египет- Хургада. Тука постојат совршени места кои ќе ви го понудат она за кое сте сонувале. Сте го запознале ли рајот на земјата, наречен Рајски остров? Доколку сте љубител на егзотични и совршени нешта, без сомнение мора да го посетите Црвеното Море, кое важи за најшарено и највпечатливо море на светот. И сите возбудливи нешта кои ги нуди ова место може да ги посетите преку агенцијата за крстарење Aziz sea trips и да уживате во крстарењата со бродот Abu Mossad. Дали сте подготвени за едно незаборавно патување?

КРСТАРЕТЕ СО НАЈДОБРИТЕ

Блескави гребени, неверојатно впечатлив подводен свет, разновидни корали, убавина од морско шаренило, уживање во играта на делфините, шеќерно- песочната плажа на рајскиот остров… сето ова е само дел од моментите кои ќе ги доживеете. Агенцијата за крстарење, Aziz sea trips е лидер во оригиналност, транспарентност, точност, љубезност и секогаш во служба на своите клиенти. Уште кога влегувате во марината, веднаш знаете дека бродот Abu Mossad е вистински избор за вас. Бродот е чисто и пријатно место за неповторливи мигови, каде ќе уживате во совршено приготвена разновидна храна и неограничен број на пијалоци и сето тоа зачинето со ритмот на музиката. И додека крстарите по најубавото море на светот, имате можност да направите фотосесија на бродот со професионален фотограф кој е дел од беспрекориот тим на Aziz sea trips. Сопственикот Махмуд Азиз позади себе има големо професионално искуство и важи за лидер во областа. Секогаш насмеан и љубезен, задоволството на своите клиенти секогаш го става на прво место. Тој е вљубеник во Црвеното Море и со Aziz sea trips ќе имате можност да ги посетите најафтентичните места, а воедно ќе бидете и дел од најсигурниот и најпрофесионалниот тим во Хургада. Колку и да има луѓе на бродот, сопственикот е секогаш во тек со сите случувања, од безбедноста на своите клиенти додека се во вода, до нивното задоволство и уживање на бродот. Неговиот професионален тим во целост ќе ви ја пренесе приказната за Црвеното Море и тајните на неговите длабочини. Бродот располага со целосна опрема за нуркање и целата група, предводена од сопственикот Махмуд Азис, ќе има можност да ужива во подводниот свет на најубавото море.

ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НЕЗАБОРАВНА АВАНТУРА?

Верувам дека за сите вас делфините се најубавиот пејсаж што погледот може да го создаде. Тоа може да ви го понуди Aziz sea trips. Верувам дека ќе се согласите со мене, дека сите вие сакате да бидете дел од таа прекрасна глетка. Сопственикот Махмуд Азиз, секогаш пријатно ги изненадува своите клиенти и го исполнува нивното барање и желби да бидат поблиску, а воедно и да нуркаат во длабочините на морето заедно со делфините. Возбудливоста на моментите е голема, но професионалниот тим на Aziz sea trips секогаш будно го следи секој ваш потег и се грижи за вашата безбедност и сигурност.

-“Со нас крстарат луѓе од различни области и на различна возраст. За да се постигне взаемно задоволство и уживање, мора да се држи баланс како би се задоволиле вкусовите на сите. Ние кои се занимаваме со оваа професија, мора да знаеме дека клиентите се секогаш на прво место, бидејќи токму за нив постоиме. Моја должност е да бидам во тек со сите нешта поврзани со крстарњето и да се погрижам за се она што сметам дека не е во ред. Ова е комплексна работа, бидејќи наша обврска и задоволство е на крајот од крстарењето клиентите да си заминат од бродот со длабоки импресии и желба за повторно враќање. Но, воедно е и голем предизвик, бидејќи кога ги гледате сите тие луѓе како полни со задоволство не сакаат да заврши крстарењето, тогаш знаете дека сте ја постигнале целта. Она на што најмногу внимавам е безбедноста на моите клоиенти додека се во море. Не ја проценува секој правилно ситуацијата, па смета дека може да исплива и да издржи онолку колку што всушност не може. Затоа, моја задача е да го забележам сето тоа и да реагирам навремено и во согласност со ситуацијата. Што се однесува до излетите, мое мислење е дека покрај убавините на местата, клиентите заслужуваат да ги знаат сите информации поврзани со нив. Затоа ние мора да располагаме со знаење и да им го пренесеме на нашите гости. Сите сакаат да знаат за разновидниот подводен свет на Црвеното Море, за коралите, уживаат кога слушаат за делфините, за се она што секојдневно е наш составен дел од животот, а нивно уживање. Мора постојано да истражуваме, да се подготвиме со знаење и со љубезност да им го пренесеме на гостите.“ -со насмевка ни одговори сопственикот Махмуд Азиз.

Црвено море

 

РАЈОТ НА ХУРГАДА 

Рајскиот остроф Giftun е местото кое сите ги остава без здив. Пред пристигнувањето на островот, целата група од бродот се префрла во чамец и заедно со водичот и сопственикот на бродот се упатуваат кон рајското место кое никого не го остава рамнодушен. Таму можете да ги направите највечатливите фотографии, да шетате по долгата песочна плажа, да пливате во бескрајното сино море и да го наполните вашето срце со совршени емоции. Ова место не може да се опише со зборови, мора да се доживее.

Но, импресиите не завршуваат тука. Островот го напуштате пред залезот на сонцето и кога ќе стигнете на бродот, упатувајќи се кон марината, ќе можете да уживате во таа совршена глетка. Ова би можело да биде и ваш незаборавен ден. Aziz sea trips може да ви го овозможи сето тоа и да ви го збогати животот со уникатни импресии. Бидете и вие дел од ова прекрасно доживување. И не заборавајте, кога ќе се одлучите за вистинско уживање, допуштете им ја таа организација на најдобрите.

Надица Пушкоска