Search for content, post, videos

ЛОАРА – кралица над кралиците

Велат дека ЛОАРА е кралица која ја обожувале сите француски кралеви. За да се прифати оваа изрека патниците требаат само да го следат течението на реката ЛОАРА, која воедно преставува најубавата и најдолга река во Франција, бидејки токму тука се наоѓа француската Долина на кралевите. Ниедно место на светот не нуди таква разновидност и раскошност  на средновековни објекти како овде. Тука историјата се помешала со духовните и културни текови од што настанале големите архитектонски бисери опкружени со бујна и прекрасна природа. Во овој предел има вкупно 36 дворци, тврдини, манастири, цркви и палати кои се наоѓаат во делот на Лоара и нејзините притоки, почнувајки од Орлеан, па се до Анже. Во долината на кралевите по течението на Лоара, во срцето на Франција започнува патувањето низ дамнешните времиња и збиднувања. Оваа област која и Природата несебично и богато ја дарувала со природни убавини е возвишена, со прекрасни шуми, планини, низини и многу реки и езера. Ова е богат предел  кој во средниот век можел да се пофали со многу ловишта на дивеч,  и денеска можат да се видат ретки видови на птици, разновиден дивеч, елени, срни, лисици, диви свињи, зајаци. Централниот дел на Франција е блиску до Парис и некогашните центри на моќ и  власт. Градот на светлината е одалечен од 220 до 300 км од дворците, во зависност од дворецот и местото кое се посетува. Некои од дворците се во приватна сопственост, а другите и припаѓаат на државата. За убава обиколка на сите дворци потребни ви се седум дена.  Во еден ден можат да се посетат дворците Азе ле Ридо  (Azey Le Rideau), Шенонсо (Šenonso) и Шамбор (Šombor). Иако не се далеку еден од друг сите дворци на Лоара се разликуваат стилски и архитектонски помеѓу себе, што не не ништо необично со оглед на фактот дека се градени во период од неколку века. Постарите дворци се градени како тврдини, додека други се раскошни бидејки биле летни и ловни резиденции на кралевите. Дури и пејсажите и природата која ги опкружува се различни за секој дворец, бидејки дворците се сместени подалеку од главниот пат, распостелени по преубавата природа. Ако доаѓате од Парис прво треба да почнете со разгледување на најоддалечениот дворец Азе ле Ридо(Azey Le Rideau). Овој интересен двоспратен замок изграден е во периодот пред битката кај Марињана во 1515 година во времето на владеењето на Франсоа 1. Дворецот се наоѓа во околината на истоименото гратче на мало речно острово. Овој замок со исклучителна убавина има спечифична и впечатлива положба бидејки е опкружен со езеро, така што потсеќа на брод кој плови на вода, дворец што плови. Освен што има складни архитектонски пропорции дворецот плени поради паркот со кој е опкружен и во кој има преубави ретки и егзотични растенија, дрвја и животни. Добро сочуваната колекција на автентичниот мебел, уметнички слики и таписерии од различни периоди од настанокот до крајот на XIX век е најубавото нешто што можете да го видите во овој дворец. Овој дворец на вода, втемелен на островото во реката Индра е ренесансно здание кое зрачи со светлина која се рефлектира во водите на реката. Балзак на овој дворец му го дал епитетот “брусен дијамант во реката Индра“

Оттаму се оди во дворецот Шенонсо, изграден преку речниот тек на реката Шер во почетокот на XVI век на основите на некогашна воденица, ова троспратно здание заедно со замокот Шамбор се смета за најсликовитиот дворец од сите дворци на Лоара во Долината на кралевите. Шенонсо го носи популарниот назив “дворец на големите госпоѓи“ или “Дворецот на шесте дами“, бидејки во него престојувале угледните аристокртатки, членови на кралските фамилии како Катарина Медичи, Дијана Поатије, Крлицата Маго, Елизабета австриска, Луиза Лоран и Габриела Естре. Дворецот се одликува со извонредно среден внатрешен простор. Благодарение на женската рака овој дворец најмалку е разрушуван и оштетуван и успеал да ги преживее сите удари на времето. Секоја соба е опремена во духот на одреден историски период. Собие ги краси преубав мебел, бројни предмети и уметнички слики, таписерии, гардероба и накит од целокупното постоење на дворецот.  Колекцијата на гардероба и накит се чуваат во посебен објект- Галеријата на големите госпоѓи. Духот на минатите времиња присутен е и во креветите со балдахини, камините, старите гравирани слики и маслените портрети, а овде се наоѓа и Рубенсовата слика “Исус Христос со јагне“. На вториот спрат сместена е “собата на солзите“ обоена во црно, додека ѕидовите се украсени со орнаменти кои ги претставуваат женските солзи. Кујните и трпезариите се над самата река, а во нив како времето да застанало, тука се старите големи шпорети и покуќнината од средниот век, а во холот над местото каде реката поминува се наоѓа салата каде се одржувале познатите балови на француските кралеви. Шенонсо го опкружува огромен парк, каде еден дел служи како ловиште на дивеч. Самиот двор е заграден со двете извонредни градини на Катерина Медичи и Дијана Поатије и двете украсени со разновидни цвекиња со невидена убавина. Во овој дворец како од бајките може да се проба преубаво вино од винскиот подрум кој се наоѓа во Шенонсо а датира од 1560 година. И денес во овој дворец се произведува  и продава квалитетно вино. И денеска Шенонсо и понатаму блика со својата невидена убавина. Има 440 соби и киломестри ходници. Секоја година го посетуваат милиони туристи со што спаѓа во групата на најпосетувани дворци, после дворецот во Версај, кој без конкуренција е најпосетен од сите француски дворци.

Амбоаз (Amboise) дворецот се наоѓа на брдото над Лоара и е еден од дворците кој е убаво сочуван. Овој дворец е познат по тоа што него го имаат декорирано и средувано најславните мајстори на италијанската ренесанса како Микеланџело и Леонардо да Винчи.

Од Амбоаз се продолжува кон дворецот Шамбор(Chambord) кој го носи епитетот на архитектонски најинтересен и најнеобичен дворец, кој е граден многу долг период, па не е ни чудо што навистина изгледа како од бајките. Секое време, а особено ренесансата, оставило свој печат во Шамбор, изграден во мансардите и кулите кои меѓусебно се разликуваат. Внатре има голем број на соби, кои исто како и кулите служеле како љубовни гнезда и скривалишта на дворјаните и кралевите кои престојувале тука. Има шест големи кули, 430 одаи, 365 камини и 84 слалила и преставува архитектонски делириум. има дупли кружни скали правени така што луѓето кои доаѓаат од спротивната страна не можат да се видат со луѓето од соседните скали. Тоа било и намерата на кралот, да може слободно да циркулира горе-доле, а при тоа да ги избегне средбите со другите луѓе.

Шеверни (Cheverny) – е дворец со ладна, строго бела фасада и урамнотежена симетрична конструкција, дворец кој лежи во средината на преубаво среден парк опркужен со езеро и пространа густа шума.

Во градот Блоа(Blois) се наоѓа истоимениот дворец изграден во духот на италијанската архитектура. Еден е од најголемите дворци, помалку мистичен, со преубави скулптури и орнаменти на фасадите. Граден е крајот на VI век. Блоа претставува комплекс од неколку објекти и неговара разноликост оддава еден убав харминичем микс. Во овој дворец 1429 година Јованка Орлеанка го прима благословот од надбискупот Ремс, да тргне во битка за ослободување на Орлеан од Англичаните.

Виландри – (Vilondri) – дворец со  преубави градини кои се протегаат околу него и формираат необичен парк со многу водени површини, уредно распоредени алеи со цвекиња и многу други видови на ретки растенија. Од прозорците на одаите се протега преубав поглед на реката, патеките и на вегетацијата со која изобилува овој дел. Прошетката низ одаите на овој дворец трае околу четири часа и преставува прошетка низ времето. Овој дворец е прогласен за историски споменик.

Лонже (Langeais) – изграден е во V век и е препознатлив по монументално декорираните оџаци и по тоа што во него се венчале кралот Шарл VIII и Ана од Британија, со што биле зајакнати односите помеѓу Франција и Англија.

По својата убава положба познат е утврдениот дворец Шинон (Chinon) кој гледа према реката Виен. Во овој крај се откриени остатоци од римски населби, а крошните на старите дабови сеуште ја кријат приказната за ривалството на спротивставените фамилии Блоа и Анжу. Сочувани се остатоци од кралската куќа која ја изградил 1420 година Шарл VII. За ова место се  врзува и името на Јованка Орлеанка која престојувала тука.

Раскошните и прекрасни дворци кои го отсликуваат гламурозниот аристократски живот векови наназад се наоѓаат на брегот на Лоара и нејзините притоки Шер и Индра. Во период од X до XV век во оваа долина никнале повеќе од стотина дворци со преубави и разновидни дворишта. Благодарение на романтичните пејзажи целата оваа долина го носи името Дворот и градините на Франција. Оваа област е многу популарна меѓу туристите и претставува одлична локација за пријатни прошетки и релаксирање. Секој замок си носи со себе интересни приказни за многу знаменитости и историски личности кои поминале низ времето и оставиле длабока трага и печат во француската историја. Историјата и културата на Франција најубаво се учи преку доживувањето на самото место и посетувањето на сите овие убави дворци со кои може да се пофали долината на Лоара. Затоа не се двоумете, слободно доживејте ги.
Силвана Јованчева