Search for content, post, videos

ЛОНДОН  – центар на англиската историја

Обединето Кралство како звучи моќно, кралски, доминантно, возвишено. Крунска земја Англија, со главен град Лондон еден од најпосакуваните градови во светот за туристите, најголем град на Големото Острово.  Лондон град втор по големина во Европа, веднаш позади Москва. Лежи на реката Темза која заради својата големина го направи Лондон да се развие во големо пристаниште бидејки преку Темза Лондон се поврзува со светот и по воден пат. Градот изобилува со мноштво на културно-историски знаменитости како што се Парламентот, Лондон Тауер, Тауер Бриџ, катедралата на Св.Павле, Бакинганската Палата, Вестминстерската Опатија, галеријата Тејт, Националната Галерија, Британскиот музеј, Трафалгар сквер, Биг Бен, Шекспир, Шерлок Холмс… Исто така Лондон е седиште на Комонвелтот.

Основан е под името Лондиниум како главен град на Римската провинција Британија околу 50-та година пред нашата ера. Иако нема докази за постоење на население пред овој период се верува дека името потекнува од периодот пред доаѓањето на Римјаните. Лондон како престолнина на Есексите најголемо значење добива во времето на Алфред во 1191 година кога добива самостојност. Оттогаш почнува да расте неговото политичко и економско значење, на кој не му наштетил ниту големиот пожар во 1666 година кој го опустошил градот. Со текот на вековите Лондон е центар на светската политика, финансии и ументости во кој се склучени и сеуште се склучуваат многубројни важни меѓународни договори и одржани многу меѓународни конвенции битни за светот Лондон е еден од главните светски центри заедно со Парис, Њујорк и Токио. Одбран беше да биде домаќин на Летните Олимписки игри во 2012 година, со тоа стана првиот олимписки град во кој овие олимписки игри се организираат по трет пат. Олимписките игри уште се одржале во Лонодн во 1908 и 1948 година.

Бидејќи подрачјето на Лондон е населено повеќе од два милениума, тешко е прецизно да се дефинира до каде всушност се протега градот. Историскиот центар на Лондон е делот кој го носи името Град Лондон (City of London) кој го обележале римјаните со лондонски камења. Остатокот од Лондон е поделен на 32 општини од кои една има статус на град а  тоа е Град Вестминстер (City of Westminster), кој претставува повеќе традиционална чест. Низ Лондон поточно неговото предградие Гринич поминува и најпознатиот меридијан по кој и нултата герграфска должина го добила и името Гринич. Патувањето низ градот со автомобил е крајно непрактичен. Најбрз начин за движење низ градот е подземната железница и се разбира далеку познатите лондонски двокатни автобуси кои ги има на секои две минути. Незамисливо е толку голем град кој брои повеќе од осум милиони жители да функционира така добро со превозот и да нема гужви, нема долго чекање на автобуси и на метрото.

За историските знаменитости на овој град треба многу време за да се каже се. Има премногу и треба време за да сите тие убаво се видат и доживеат. Најпознат е познатиот часовник Биг Бен кој гордо стои крај реката Темза и Парламентот, отчукувајки го времето. Кралицата секоја година ја отвара новата сезона на работа во Парламентот и тоа со голема церемонија и помпезност . Зградата како самиот Биг Бен е изграден во готски стил со прекрасна архитектура. Потоа следува Тауер бриџ – Мостот кула една од најпознатите атракции на Лонод стара преку илјада години, кој се отвара и крева на две половини за да мож`т големите бродови да поминат низ тој дел од Темза. Бакингамската палата е резиденцијата на кралското семејство и преставува најголема приватна резиденција со над 600 соби и интересно е што нејзината градба од каде и да ја гледате е иста, иста е како од предниот така и од задниот дел на палатата. Лондонското око изградено по повод новиот милениум, од каде туристите можат да ја видат убавата панорама на Лондон. Познатиот Трафалгар сквер, на кој се издигнува споменикот на Адмирал Лорд Нелсон и се велича неговата победа, е место каде можете да го почувствувате возвишеното чувство на англичаните со сите нивни победи. Посебно место е Ковент гарден каде се одржуваат најразлични настани со цел да се анимираат и забават луѓето. Тука има над илјада забавувачи во текот на годината, кои се трудат максимално да ги покажат своите мајсторски умешности од акробатиката, играњето, забавувањето на луѓето. Неможеш а да не се задржиш таму за да ги видиш сите лудории кои ги прават акробарите-профеисионалци во својот занает од кој живеат. Но, се разбира и ќе се изнасмееш до солзи од нивните досетки и шеги кои ги прават со посетителите.   Ноќниот живот во Лондон е исто така богат и треба да се доживее, посебно познатиот Сохо со сите свои светли и темни задоволства, потоа Кинескиот кварт со интересната храна и најразните барови.

Лондон посекако е светска метропола и по своите културни настани во Ројал Алберт Хол, со настапи на големи светски имиња. Тука е и познатиот Мадам Тисо музеј на восочните фигури кој никако не треба да го испуштите од својата агенда за посета на знаменитостите, потоа музејот на Шерлок Холмс познатиот детектив. Има многу интересни работи што ги поседува овој град и без конкуренција се вбројува во првите пет светски топ дестинации.

Силвана Јованчева