Search for content, post, videos

Милос – белиот рајски остров

Остров со длабоко сини води, разнобојни врежани карпи и плажи со прекрасно бел песок, Милос нуди возбудлива разновидност на прекрасни пејзажи и вистинско уживање.

Островот Милос е најјугозападниот остров во групата Кикладски острови на само 200 километри од Атина. Острoвот се протега на површина од 151 километар квадратен и е вулкански и карпест остров познат по необичните форми на карпите кои се како вајани фигури. Главен град е Плака кој постои уште од средниот век и на туристите им нуди величенствен поглед. Исто така овој остров епознат и по статуата на грчката божица на убавината и љубовта Милоска Венера – Афродита од Милос, која е откриена токму на овој остров и пренесена во музејот Лувр во Париз. Милос е остров со посебна архитектура исполнет со бајковити сино-бели куќички и уникатни бели карпи. Милос има интригантна историја, маѓепсувачка природна убавина и отскокнува од секој шаблон каде што владее масовно туристичко лудило. Познат е по одличната храна, но и многуте таверни, продавници, шеталишта. Не очекувајте премногу од ноќниот живот, но доколку сакате мирен одмор со кој ќе си ја наполните душата, тогаш Милос е вистинско место. Освен со своите зачудувачки моќи, неверојатно убава природа и интригантната историја, речиси остана недопрен, одолевајќи му на масовниот туризам. Прекрасниот  грчки остров Милос има најубави плажи на целиот Егеј, фасцинантна историја и супер-храна, а сепак, често е неправедно запоставен. Уште подобро за оние што често одат таму, љубоморно криејќи ја оваа тајна од другите. Калеидоскопската боја се менува на овој драматичен остров што е последица на вулканската активност и тој е еден од најубавите грчки острови. Од сите киклади островот Милос има најмногу плажи, дури седумдесет и пет со препознатлив прекрасен песок. Уживајте во неверојатните плажи како што се најдолгата и најпозната плажа Хиладолимни, потоа Саракинико, Папафрагас, Фиропотамос, Неродафни, Лакида, Платхиена, Арети, Полониа, Гоурадо и Филакопи. Овој уникатен и сеуште недоволно откриен остров за туристите, ќе ги направи вашите летни спомени незаборавни. Голем дел од плажите содржат бел песок и не е чудо што овој, според некои е најубавиот остров во светот.  Саракиникопејзаж во стилот “одлетај ме до месечината и врати ме на островот Милос“. Овој пејзаж како месечина е уникатен. Плажата Саракинико, која се наоѓа на 4 километри од Плака, е една од најубавите во Грција поради своите бели и формирани вулкански ѕидини. Вулканските еродирани карпи продираат во смарагдното море создавајќи мали и големи пештери, недостатокот на зелено во комбинација со карпите во бела боја создава пејзаж сличен на површината на Месечината. Вреди да се посети Саракинино во текот на ноќта, особено кога месечината е полна, бидејќи снежно-белите карпи живописно ја рефлектираат месечевата светлина, создавајќи незаборавен пејзаж. Историски плажата Саракинико е именувана по сараценските пирати. Со толку голем спектар на плажи дури е можно да се најде залив, кој може да биде само ваш. Застанете во живописното село Адамас, кое има безброј ресторани, таверни, сувенирници и преубаво шеталиште со модерни бутици. Адамас е идеално место за престој на оние кои доаѓаат на Милос без кола, а оттаму може да се патува со бродови до другите блиски острови. Романтичарите го препорачуваат рибарското село Полонија.  Клефтико – комплексот од вулкански карпи создаваат волшебен поглед. Одете на пливање и уживајте во чувството на проѕирните сино-зелени води и сонцето. Клефтико порано било старо скривалиште на пиратите, каде поминувале и се закотвувале пиратски бродови во морските крајбрежни води.  Замокот Милош е изграден во 13 век на ридот Профитис Илиас, на северозападниот дел на островот. Од тука можете да му се восхитувате на прекрасен поглед на целиот остров. Уживајте во магичното зајдисонце. Прекрасни се и другите места на островот: Плака, пристаништето Адамантас, прекрасниот Хивадолимни, прекрасниот Емпориос со малата лагуна Ревари и старите рудници за железо. Аполонија, на северозападниот дел на островот нуди незаборавно искуство. Изнајмете чамец од живописното пристаниште за да ве прошета низ затскриените убавини на островот или да ве однесе на спротивниот остров Кимолос! Грција има толку многу острови што може да помине цела година, а секој ден да разгледувате по еден. Одвојте време и отидете да уживате на островот Милос.

С.Ј.