Search for content, post, videos

Мостот кој ги допира облаците – Виадуктот МИЛО

Фасцинантна творба што ти го одзема здивот – Виадукотот Мило – мост кој го поврзува Париз со Барселона

Највисокиот мост на светот, Виадуктот Мило е контроверзен, меѓутоа и огромен патен висечки мост, и се протега врз долината на реката Тарн во близина на местото Мило во јужна Франција, кој ја поврзува централна Франција со нејзиниот југозападен дел се до Шпанија и Медитеранот. Претставува творба на двајца инженери – францускиот градежен инженер Мишел Вирлого и британскиот архитект Норман Фостер. Се смета за највисок мост на светот, висината на еден од елементите кои се дел од пилоните изнесува 343 метри – и е за нијанса повисок од најпознатата француска икона – Ајфеловата Кула, а е за само 37 метри пократок од Емпајар Стејт Билдинг. Неговата должина достигнува 2,5 километри. Овој мост е дел од коридорот А75 – А71 кој води од Париз до Монпелје. За неговата изградба биле потребни околу 400 милиони евра. Осветен е на 14 Декември 2004, инаугуриран е еден ден потоа и пуштен во сообракај два дена подоцна. Мостот се протега по убавите зелени пејзажи на најпознатиот дел од Франција, областа Авејрон. Единственото чувство кога се приближувате кон мостот е стравопочитта на една ваква импозантна градба кој се протега врз реката Тарн. Дизајнерот на мостот архитектот Фостер во својата замисла на мостот ја гледал пеперутката како слободно лета по долината на реката Тарн. Така и успеал да ја реализира својата замисла во реалноста. Мостот наликува на пеперутка која се протега и лета слободно врз реката и комплетно се вклопува во околината, ја оплеменува и ја надополнува природата која се протега околу самиот мост. Иако оваа областа во која се протега мостот изобилува со најразлични знаменитости, сепак најголемото задоволство на луѓето претставува токму минувањето и возењето по овој мост. Кога се поминува по мостот се чувствувате како да лебдите во облаци, како да летате над реката, толку убаво и возвишено. Прекрасните природни убавини кои ве опкружуваат и кои прекрасно се гледаат од мостот ве исполнуваат до последниот атом.
Мостот свечено го отворил претседателот Жак Ширак, кој изјавил дека оваа творба на дизајнерите преставува вистински споменик на француските инженери и чудо на рамнотежата. Со проектирањето и реализацијата на овој мост се поставија нови стандарди во процесот на планирање, дизајн и конструкција, бидејки Мило мило мостот го постави рекордот во највисок мост на светот.
Причината за градење на овој мост била пократок премин на реката Тарн и спојувањето на едната со другата висорамнина, скратување на патувањето, како и уживање во природните убавини кои ги има оваа област од високо.  Изградбата започнала во 2001 година и за неполни 3 години веќе било се завршено. Со прецизноста на сите ангажирани во неговата изградба, крајниот производ е прекрасниот Мило мило мост.

Силвана Јованчева