Search for content, post, videos

Островот Евиа – тајната на атињаните

Остров кој атињаните себично го чуваат само за себе – ЕВИА! Самото име кажува многу. Остров втор по големина во Грција и најголем остров на Егејот, каде што посетителите со свои очи можат да се уверат во убавината што природата ја покажала тука . Остров со уникатни природни богатства, со прекрасна клима и борова шума. Еден од најстарите егејски острови кој сé уште не доживеал толкава популарност е островот Евиа. Атињаните го чуваат само за себе. Можеби затоа тука можете вистински да уживате и да се опуштите. Нема многу туристи, како што знае да биде случај со попознатите острови, па поради тоа ова место нуди мир и спокој за секого. Евиа го претставува античкиот дух на Грција преку историските знаменитости сместени на островот. Халкида, за кој мора да се признае дека е еден од најубавите грчки градови, речиси се смета за атинско крајбрежно предградие. Денес, два моста го поврзуваат островот со копното, со што се создава впечаток дека Евиа е всушност продолжеток на Стара Елада, што на Халкида и дава идентитет не само на отровски, туку и на континентален град. Едипсос е град на островот Евиа, познат по термалните извори од кои извира топла вода која има големо лековито дејство, со температура од 90 С . Евиа, второто по големина острово во Грција или трето на источниот Медитеран, се наоѓа во најубавиот дел од Егејското море. Богатата флора и фауна, поволните климатски услови, долгата сезона, мноштвото убави плажи и термални извори, ја чинат Евиа една од најпопуларните дестинации помеќу домашното население. Главниот град на островото е Халкида, која во минатото била еден од најразвиените и највлијателните градови во Античка Грција. Ова острово е богато со археолошки наоѓалишта, манастири, традиционални села, како и повеќе хотелски комплекси. Со своите туристички содржини, нуди различни можности за богат одмор и забава. Најпопуларни туристички места на островото се градчињата Пефки, Лимни и Едипсос. Место благословено со прекрасна природа, волшебниот град Едипсос, сместен на северозапад од Евија, е едно од најпознатите туристички одморалишта во Грција. Лимни е несомнено најживописното село во Северна Евија и привлекува посетители со своите тесни улици, традиционалните куќи и зеленилото од планината. Лимни е град изграден на море, каде што туристите и локалното население се среќаваат за да уживаат во кафето и храната, со поглед на Евискиот залив и убавината на градот. Градчето Пефки, е мало рибарско место лоцирано на северниот брег од островото Евиа. Неговата местоположба, збогатена со поглед кон планинскиот масив Пелион и познатото острово Скиатос, дополнително му ја збогатува неговата туристичка атрактивност. Пефки е карактеристично и по долгата и широка песочна плажа со крупен песок, која се простира на околу четири километри должина покрај самото место. Дополнителна убавина на градската плажа и ја овозможува кристално чистата вода на синото и мирно море. Пефки има и сопствено мало пристаниште, на кое се усидрени неколкуте рибарски и туристички бродчиња. Шеталиштето покрај москиот брег, дополнително го збогатуваат повеќето рибни ресторани, кафулиња и барови. Локалниот пазар е секогаш снабден со свежо овошје, зеленчук и риба од блиското море. Гостопримливите домаќини, најдобро го надополнуваат видливиот шарм на целото место, синилото на морската шир и релаксираната атмосвера за време на престојот, која бездруго ќе ве потсетува да му се вратите повторно. Пефки е едно мало, но туристички гледано, едно од најзначајните места на северниот дел од Евиа.

Покрај убавите плажи и туристички места, Евиа е многу посетена и позната по манастирот на Свети Јован Руски. Св. Праведен Јован Руски многу години поминал надвор од својата татковина, во Турција, во заробеништво. Но за цврството исповедание на Православието, за кротоста и смирението добил огромно почитување . Светиот исповедник Јован Руски се родил околу 1690 година во Мала Русија, денешна Украина. Уште од мал бил воспитан во побожност и љубов кон Црквата Божја. Кога станал полнолетен го викнале во војска. Служел како обичен војник во армијата на Петар Први и учествувал во Руско-турската војна. За време на војната во 1711 година, Јован и останатите војници биле заробени од Татарите, кои го продале на заповедникот на турската коњаница. Тој го однел заробеникот во своето живеалиште во Мала Азија, во селото Прокопиј (на турски: Уркјуб) во близина на Кесарија. Турците настојувале заробените војници-Христијани да ги преобратат во ислам. Свети Јован не го прелагале ветувањата за овоземни добра, туку храбро ги поднесувал суровоста, понижувањата и биењето. Свети Јован решително се спротивставувал на волјата на својот господар и велел: „Ниту со закани, ниту со ветувања на богатства и наслади не можеш да ме одвратиш од мојата вера. Како Христијанин се родив и како Христијанин ќе умрам“. Уште за животот покажал чудесна помош кон луѓето во потребните ситуации. По неговото претставување тој им помага на оние кои се обраќаат кон него во маките и потребите, по неговите молитви добиваат исцеленија од болестите неизлечливи од медицинска гледна точка. Особено својата љубов и грижа им ја подарува на децата. Се упокоил во 1730 година. Моштите на Св. Јован Руски почиваат на островот Евија, во местото Прокопи, а десната рака од неговото тело се чува во рускиот рускиот манастир Св. Пантелејмон на Атос – Света Гора. Помага за трпеливо поднесување на неволјите и избавување од истите. Слава и пофалба на Бога.
Мноштвото природни карактеристики, манастири, заокружени со главните атрибути поврзани за летните дестинации – море, плажа, одличен туристички сервис… веќе и пошироко го вбројуваат островот Евија како интересно и посакувано место за одмор.

Силвана Јованчева