Search for content, post, videos

Светиот храм на Мајката Божја во Марија Бистрица – Хрватска

Тоа што на французите им е Лурдес (Lourdes), на португалците Фатима (Fatima), на италијаните Лорето (Loreto), на полјаците Ченстохова (Čenstohova), на австријците Маријазел (Mariazell), тоа во Хрватска е живописната Марија Бистрица.

Најпознат и најпосетуван храм на Мајката Божја во Хрватска е во местото наречено Марија Бистрица, сместено помеѓу питомите планини на Медведница во Хрватско Загорје. Во Марија Бистрица со векови се слеваат верници од цел свет да го посетат местото на кое се појавила Мајката Божја и да го пронајдат својот духовен мир.

Појавувањето на Мајката Божја… Местото Бистрица по прв пат се споменува во 1209 година во повелбата на кралој Андрија II кој ја враќа на народот запоседнатата територија, вклучувајќи ја и Бистрица, која своето име го добила по потокот кој тече низ ова место. Во ова свето место се наоѓа чудотворната статуа на Мајката Божја Марија – Света Богородица со Исус во прегратка, пред која во текот на вековите се поклонувале и барале помош милиони и милиони луѓе од цел свет. Оваа статута во текот на историјата неколку пати била криена со цел да не биде уништена, за да во 1684 година биде поставена на олтар и ова место стане едно од најпознатите свети места на Мајката Божја, каде се покажува големата љубов и верност кон Мајката Божја. Статуата е изработена од дрво, висока е 112 см. со црна боја, припаѓа на таканаречените црни Мадони и потекнува од XV век. Според преданието статуата на Мајката Божја се наоѓала во црквичката на Винскиот врв, но поради турските навлегувања и пустошења во 1545 година, тогашниот бискуп ја сокрил во месната црква Св.Петар и Павле и така ја спасил од уништување. Поминало повеќе од четириесет години кога новиот бискуп приметил чудно светло како свети под црквата и копајки ја пронашол статуата на Мајката Божја. Плашејки се од новите турски напади кон средината на XVII век со цел да ја заштитат чудотворната  статуа,  свештениците ја заѕидале во самата црква и оставиле да се гледа само лицето на Света Богородица. Крајот на XVII век за време на една миса, Мајката Божја во човечки облик се покажала на битсричкиот свештеник со зборовите да се моли со целиот народ за да и се врати видот на статуата. Во почетокот не му било јасно за што станува збор, но неколку години подоцна во 1684 година, конечно статуата е пронајдена и ствена на главниот олтар. Уште следниот ден се покажала божествената помош на Мајката Божја и тоа трае се до денес. Статуата била подложена на нови уништувања, но успеала да опстои, дури и во големиот пожар од 1880 година кога изгорела целата внатрешност на црквата, статуата заедно со олтарот останува негибната. Денешниот изглед стауата го добила во 1935 година кога е целата облеана во злато и крунисана Мајката Божја со златна круна. Црквата во Бистрица првично била посветена на Светителите Петар и Павле, а подоцна е посветена на Света Богородица.

Патот на Крстот… Во Марија Бистрица е преставен целиот пат кој Исус Христос го одел со Крстот, се до неговото распетие. Патот почнува со заробувањето на Христос, неговото казнување со распнување, потоа неговата голгота , распнувањето на крст, умирањето и воскреснувањето.  Целото Христово страдание е прикажано тука во Марија Бистрица на Патот на Крстот. Местото Марија Бистрица е рај на Земјата, каде уживате во природата, нејзината убавина и духовното смирение.

Силвана Јованчева