Search for content, post, videos

Релаксирачки и удобни

Столица-полица

Колку повеќе читаш, толку повеќе знаеш. Книгите се нашето најголемо богатство, кое треба да го чуваме постојано.

 

Бидејќи секојдневно се печатат нови книги, а бестселерите мора да ги има секој љубител на книги, нашиот библиотечен фонд од ден на ден, се повеќе се зголемува.

 

 

 

 

За да не ги забораваме многуте книги по фиоките, зошто да не ги изложиме во прекрасни  столици-полици!

 

Сакајки да ги приближат книгите поблиску до луѓето, некои дизајнери  успеаја да ги вклопат книгите во удобна столица – полица, која е многу убава за релаксирано  читање.

Ова е совршена фотеља за љубителите на добрата книга.  Ако ви треба фотеља, а истовремено сте љубител на добрата книга, тогаш ова нешто е многу интересно за вас. Не само што е удобна, туку и при рака ќе ви бидат сите книги што ги сакате. Спремете се за  читање на убави книги во овие удобни релаксирачки фотељи.

 

Фотелјата е практична и штеди простор. Таа има место околу седиштето, со што ви овозможува да ја користите и како еден вид полица.

 

 

Одлично се вклопува во домашна атмосфера, но погодна е и за во канцеларија. 

 

 

 

 

 

Со ова функционално парче мебел, дел од предметите кои често ги употребувате, може да ви бидат лесно на дофат. Удобно сместете се во вашата фотелја, а книгите ќе ви бидат секогаш при рака.

Уживајте во читањето .

Силвана Јованчева