Search for content, post, videos

10 начини како да го исчистите домот од негативна енергија

Чувството на негативна енергија во домот понекогаш е вообичаено, но кога постојано ќе чувствувате замор и исцрпеност, тогаш тоа е знак дека вашиот животен прстор треба да го исчистите од негативна енергија.

Кога ќе се вратите дома после работа, или кога ќе се разбудите во сабота наутро знаејќи дека немате други обврски, треба да бидат едни од најубавите и најрелаксирачки мигови во денот, речиси секој ден. Но понекогаш работите како едноставно да се излезени од колосек. Со следните 10 методи можете да ја тргнете насобраната негативна енергија во домот.

Вашиот дом повторно ќе стане пријатно и сигурно катче во кое ќе ги ткаете сите пријатни и слатки мигови од животот.

 

1. Проветрете го целиот дом

Првиот чекор во отстранувањето на негативната енергија е чистиот воздух. Овторете ги сте прозорци во домот, дури и кога надвор е студено. Додека домот се проветрува, одвојте време за чистење на перниците, ќебињата, јорганите и другите прекривки.

 

2. Запалете темјан

Ова мирисно растение се користи во медитацијата. Зошто да не го пробате и во својот дом? Темјанот ќе ја зголеми енергијата и ќе создаде мирен и топол амбиент.

 

3. Поправете ги или фрлете ги сите скршени предмети во домот

Веќе долго планирате да го поправите скршениот стол, но никогаш немате време за тоа… Сега или веднаш поправете го едноставно исфрлете го. Скршените предмети привлекуваат негативна енергија и ја наталожуваат во домот, сè додека не се направат проемни во домот. Време е да си купите некое ново парче мебел, нели?

 

4. Освежете го домот со етерично масло од портокал

Мирисот на портокал потсетува на сонце и смеа, така што нема само да ја исчисти куќата од негативна енергија, туку и ќе ви го поправи расположението. Растворете неколку капки етерично масло од портокал во вода или капнете во навлажнувачот на воздухот. Промената ќе ја почувствувате веднаш!

 

5. Ослободете се од непотребните предмети во домот

Предметите во домот и енергијата што ја создаваат влијаат врз вас физички, ментално и емотивно. Поркај тоа, колекцијата непотребни предмети во домот многу заморуваат и создаваат стрес. Што е можно побрзо ослободете се од насобраните предмети што веќе подолго време не ги користите.

 

6. Заштитете го просторот во домот со кристали

Црниот турмалин е познат како кристал што ја уништува негативната енергија. Розовиот кварц, пак, исто така заштитува од негативна енергија и ги заменува негативните со позитивна чувства. Ставете ги во близина на електронските уреди и на тој начин ќе го максимизирате нивното дејство.

 

7. Обојте ги ѕидовите во жолто

Боите играат многу важна улога во вашиот дом, а жолтата боја е позната како  неутрализатор на негативната енергија. Покрај тоа, просторот во домот ќе изгледа поголем и потопол.

 

8. Ставете сол во аглите на собата

Ставете малку сол во аглите на собите и оставете да отстои 48 часа, а потоа исчистете со правошмукалка. Солта ќе ја акумулира негативната енергија од вашиот дом.

 

9. Повеќе огледала

За да овозможите поголем влез на позитивна енергија во вашиот дом, поставете повеќе огледала во просторот, но избегнувајте ги оние со остри агли. Огледалата ја рефлектираат светлината и визуелно создаваат широчина и отвореност на домот, а воедно и на мислите, што автоматски привлекува позитивна енергија.

 

10. Користете неутрални бои во домот

Темните бои можеби изгледаат убаво, но понекогаш е потребно сосема  спротивното за да создадете опуштена атмосфера во домот. Затоа кога ги бирате боите за вашиот дом, бирајте ги неутралните нијанси. Темните бои прават просторот да изгледа помал и токму тоа чувство на стеснетост привлекува негативна енергија.