Search for content, post, videos

3 продукти кои ги имате дома – 3 ефикасни примени за блескав дом

Домот е огледало на сопственикот, семејството, а неговото одржувања остава впечаток за карактерот на луѓето што живеат во него. Затоа, ретко која жена дозволува во домот да ѝ владее неред, а и ретко кој маж ужива да се релаксира во хаотично окружување.

Иако денес на пазарот постојат илјадници препарати што ветуваат лесно и беспрекорно чистење, честопати сме разочарани од крајниот резултат. Ако и вам ви се случило тоа, тогаш можеби е време да се запознаете со малите тајни за блескав дом кои ги знаеле и нашите баби и мајки, и неретко ги употребувале…

 

Сода бикарбона за брзо и ефикасно еко чистење на домот 

  • Со неа лесно ќе ги отстраните закоравените нечистотии од тавите, мрсните наслаги на ринглите, скарата, штицата за сечење па дури и од приборот за јадење. Само натопете ја површината со вода, посипете сода бикарбона и оставете да отстои малку. Потоа истријте со сунѓер. Ќе се изненадите од резултатите.
  • Кога станува збор за отстранување на непријатните мириси, таа има водечко место. Сода бикарбона сосем лесно го елиминира непријатниот мирис од фрижидерот. Ставете половина шолја сода бикарбона растворена во вода во фрижидерот и повремено промешувајте ја. Непријатниот мирис набрзо ќе исчезне. Имате проблем со непријатна миризба на пластичните кутии и не можете да ги користите? Не фрлајте ги. Темелно исчистете ги со сода бикарбона неколку пати и непријатниот мирис ќе исчезне. Тоа применете го и кај корпата за отпадоци, на која на самото дно ќе ставите сода бикарбона која ќе го влече непријатниот мирис и ќе го спречи понатамошното ширење. Истото важи и за рацете, кога работите во кујната и покрај темелното миење сè уште ви мирисаат на лук, кромид и слично. И тука содата има решение. Протријте ги влажните раце со сода бикарбона и потоа темелно измијте ги. Ќе се изненадите од ефектот.
  • Внесете белина во домот со помош на сода бикарбона. Кога ја перете постелнината, пробајте го овој ефикасен трик. Ставете неколку лажички сода бикарбона во белата облека и ќе се изненадите од ефектот. Истото пробајте го и кога ги перете завесите. Ставете неколку лажички сода бикарбона во водата, потопете ги и оставете да отстојат еден час. Потоа исперете ги на вообичаениот начин и уживајте во нивната чистота. Сода бикарбона има извонредни резултати и во чистење на теписите. Посипете сода бикарбона измешана со многу малку вода (да добиете густа смеса) на валканото место да отстои и потоа исчистете. Тоа применете го и со патничките торби и куфери. На влажна крпа ставете сода бикарбона, исчистете го куферот, почекајте да се исуши и потоа убаво избришете го уште еднаш со чиста крпа со вода.

Омекнувачот за алишта не е само омекнувач 

  • Омекнувачот е беспрекорен освежувач на просториите. Доколку имате омилен омекнувач кој прави да се чувствувате опуштено, тогаш искористете го и од него направете освежувач за простории. Во шише со распрснувач ставете половина шише вода, а другата половина наполнете ја со омекнувачот. Убаво протресете и испрскајте ги завесите, килимите, ткаенините и сите простории што сакате да ви мирисаат пријатно. Ова е идеален трик за свеж мирис кој трае.
  • Ги чисти сите места што се лесно достапни на прашина. Комодите, паркетот и сите нешта на кои лесно се натрупува прашина идеално се чистат со омекнувач за алишта, а воедно и потоа многу помалку ќе се лепи прашината на нив. Овој трик може да го примените и во тоалетот. Најпрво темелно исчистете го, а потоа за повисок сјај и поубав мирис, темелно поминете со крпа која претходно сте ја натопиле во омекнувач.

Хидроген за беспрекорна чистота 

  • Доколку се двоумите со што да ја исчистите собата на бебето, тогаш хидрогенот е идеалното решение. Тој безбедно ќе ја дезифицира собата и ќе ја неутрализира миризбата. Со влажна крпа можете да ги поминете и ткаенините во собата (завеси, килими, прекривки), иако додека бебето е мало не е препорачливо да ги имате во собата за да не собираат многу прашина.
  • Тоалетот е најтешкото место за чистење. Но, не мора да биде така. Доколку веќе сте се обиделе на секаков начин и не сте многу задоволни, обидете се со хидроген. Поминете ја кадата, тоалетната школка и останатите површини. Оставете еден час да отстои и потоа темелно исплакнете.  Притоа, не ви треба посебен вид хидроген, бидејќи секој ќе ја заврши работата. За тврдокорните нечистотии во тоалетот подгответе ја смесата од еднаква количина хидроген, лимон и бел оцет. Оставете два часа и потоа темелно исплакнете. Ќе бидете изненадени од ефикасноста и брзината на отстранувањето на нечистотиите.
  • Хидроген, компир и бебешка пудра – добитна комбинација за чисто. Можеби не сте знаеле, но оваа комбинација идеално ги отстранува сите нечистотии од кои веќе сте се откажале. Изрендајте свеж компир, додајте хидроген и бебешка пудра во прав и измешајте. Од смесата нанесете на валканата површина (дамки на килимите, на мебелот). Одозгора прекријте со крпа и оставете да отстои неколку часа, а потоа едноставно исчистете со вода. Со редовната употреба на хидрогенот во одржувањето на домот воедно ќе се ослободите и од инсектите. Тие го препознаваат мирисот на хидроген и бегаат од него.