Search for content, post, videos

Разубавете го животот со појасни и поизразени бои

Со секое перење на алиштата во боја топлата вода и детергентот влијаат на одвојување на боите од ткаенината. Боите растворени во водата оставаат траги на алиштата, а нечистотијата сивило.
Дали ве заморува фактот дека треба да чекате и собирате алишта со слични бои за перење во машината за перење? Дали приметувате дека после неколку перења боите на алиштата ја губат својата свежина? Постои решение, а тоа е Ловец на бои и нечистотии Др. Бекман. Чудесни марамчиња од микрофибер кои неповратно ги апсорбираат растворените бои во водата и ги штитат ткаенините од несакано обојување. Како магнет ги привлекуваат боите и нечистотиите и со тоа алиштата остануваат подолго со јасни и свежи бои.
Едноставно и безбедно, зар не?

Зошто треба да го користите Ловецот на бои?

Ви го препорачуваме од повеќе причини:

  • истовремено и безгрижно перење на алишта со различни бои
  • нема несакано боење на облеката во текот на машинско перење
  • светлите алишта ги заштитува од боење, а на шарените им ја одржува свежината на боите
  • ја штеди енергијата и времето за сортирање на алиштата, а со тоа се намалува бројот на перења

 

Постојат два типа на наелектризираност Позитивно (+) и Негативно (-). Поголемиот број на текстилни бои кои се користат за боење на алиштата се со негативна наелектризираност. Марамчињата од Ловецот на бои Др. Бекман се изработени од микрофибер влакна со модифицирана површина со слој кој е со позитивна наелектризираност. Негативно наелектризираните остатоци од бои и нечистотии во водата ќе бидат привлечени од позитивните јони на површината на влакната од Ловецот на бои. Овој процес е неповратен. Боите кои што како со магнет ќе бидат привлечени на површината на марамчето, никогаш повеќе нема да се преселат на друга ткаенина.

Со тоа факт е дека Ловецот на бои и нечистотии е вистинскиот избор .