Search for content, post, videos

Зелени њоки со бел сос

Подготовка:
Измијте го, па обарете го спанаќот. Исцедете го, па измиксирајте го во блендер за да добиете кашеста смеса. Смесата ставете ја во цедалка и исцедете ја со лажица за да ја отстраните целата течност. Компирите сварете со лушпата, излупете ги и оставете ги да остинат. Испасирајте ги компирите, па додајте ги брашното, јајцето, солта, морското оревче и спанаќот, па месете да добиете компактна смеса. Од тестото направете топчиња, кои ќе ги исукате во долги ленти, па сечете ги со големина од еден сантиметар (за да ги добиете њоките). Варете ги во солена вода што врие с# додека да испливаат на површина. Во длабок сад ставете ја слатката павлака. Додајте ги белиот бибер и вегетата, па кога ќе почне да врие, сипете ги изренданиот ајдамер и виното и варете уште 1-2 минути. Во сосот ставете ги њоките и послужете ги веднаш.

Потребно:

400гр спанаќ
300гр компири
250гр остро пченкарно брашно
1 јајце
Сол
½ лажичка морско оревче
1 лажица масло

За сосот:
300мл слатка павлака
Бел бибер
2 лажици вегета
100гр ајдамер
50мл бело вино