Search for content, post, videos

Меѓународно практично искуство за македонски ученици и наставници

АСУЦ Боро Петрушевски, континуирано секоја година, успешно аплицира за проекти од програмата “Еразмус +”, а од 2017 год. е корисник на на “Повелбата за мобилност од областа на стручното образование и обука”, во рамките на која, се реализираше проектот “Искуствата од Европскиот образовен систем и социјалното партнерство, имплементирани во тековните реформи во стручното образование во земјата”.

Во рамките на проектот, 10 ученици од III година, од машинска струка, селектирани врз база на соодветни критериуми, се обучуваа во сервиси за возила во Севиља-Шпанија. Практичната обука се реализираше во текот на 2 недели, секој ученик се обучуваше во посебен сервис, под надзор на ментор, кој го следеше напредокот на ученикот и го евидентираше во соодветна документација, од каде што можеше да се согледаат искуствата кои ученикот ги стекнал во текот на обуката, а со самото тоа и успешноста на проектот. На крајот на обуката, учениците се здобија со соодветни сертификати од страна на партнерската институција од земјата – домакин, како и Еуропас сертификати.
Обуката им овозможи на учениците да стекнат искуства во областа на професионалната пракса во рамките на автомобилската мехатроника, да се запознаат со организацијата на работата во сервис за возила во странска земја, да ја поврзуваат теоријата со праксата, да го усoвршат англискиот јазик во областа на стручната терминологија, со еден збор, да стекнат европски искуства.

Во рамките на овој проект, двајца наставници од АСУЦ Боро Петрушевски беа во пет дневна посета на едно училиште од Париз, Франција, каде што разменија искуства околу соработката на училиштата и социјалните партнери, организацијата на практичната настава во училиштата и сервисите, професионалниот развој на наставниците, вреднување на постигнатите резултати на учениците, имплементирање на нови методи во процесот на организација на часовите и други искуства, кои што ке придонесат во процесот на имплементирање во тековните реформи на стручното образование во Македонија.