Search for content, post, videos

Кога „ВОЈУВАШ“со семејството

Најтешкото оружје со кое сигурно можеш да повредиш некого се зборовите. Затоа, внимателно со
нив! Тие многу лесно можат да скршат нечие срце, да растурат пријателство, да стават крај на
довербата…
И РОДИТЕЛИТЕ ПОНЕКОГАШ ГРЕШАТ

Родителите грешат кога мислат дека постојаното прекорување на децата е знак на добро воспиту-
вање. Но, тоа не треба да се разбере злонамерно. Твоите родители за тебе мислат најдобро, верувај, но не секој е способен тоа да го покаже на најдобриот начин. Па затоа понекогаш се случува во знакот на „доброто воспитување“ да употребат и тешки зборови и навреди, кои остануваат засекогаш врежани. Да бидеме реални, караниците се писутни секаде, во секое семејство. Само што би требало да бидат во границите на нормалата. Никако не смеат да ни станат секојдневие. Ако и тебе ти се случува тоа, запрашај се најпрвин себеси каде е проблемот
и кој греши, а потоа отворено позборувај со твоите.
Родителите можат и смеат да те прекор уваат … Дали и ти, барем некогаш, си го почувствувал/а горчливиот вкус на навредите? Но, искрено, дали и твојата суровост некогаш одела толку длабоко што ги довела твоите родители до неверување, да се чувствувате како странец?
Ако не ти се случило, сигурно си слушнала некоја таква приказна во друштвото. И се ужаснуваш од самата помисла на тие зборови, а камоли да бидат упатени до тебе. И кога подобро ќе размислиш, можеби и тебе некогаш ти била упатена навредлива стрела од устата на твоите роди-
тели, но си ја потиснала длабоко во себе и пред другите изгледа како сè да е во ред. Тоа е супер што можеш да ги контролираш своите чувства, но внимавај, за ова треба да се зборува искрено, а не да се сокрива под „килимот”. Затоа – само отворено со родителите.

ВЕЧНОТО ПРАШАЊЕ: КОГА ИМААТ ПРАВО?
Сосем искрено од устата на твоите родители:
 Мораш да ги поправиш оценките на училиште за да го постигнеш она што го сакаш;
 Среди си ја собата, непристојно е и неприфатливо да бараш сè и сешто, а да не си ги завршуваш основните обврски;
 Премногу време поминуваш на телефон, не помислувајќи дека зад себе оставаш незавршени обврски. Размисли малку и оддели време и за сите други интересни и неинтересни нешта кои сепак го сочинуваат животот;
 Веќе неколкупати по ред доцниш навечер, а очекуваш да ти веруваме? Ни во сон! Даденото и исполнето ветување ќе ти ги олесни сите нешта, затоа обиди се да го почитуваш дадениот збор.
Сосем погрешно:
 За ништо не те бидува, оценките во дневникот само што не заплакале од мака. Срам да ти е! Од тебе никогаш нема да стане човек. Залудно се трудиме од тебе да направиме нешто, ти ќе пропаднеш.
 Собата ти наликува на кочина. Ти си пропаст, да знаеш. Не личиш на ништо.
 Само за разговарање на телефон те бидува, за ништо друго. Мислиш дека некој те сака? Не, сите само те користат и си разбиваат монотонија со тебе.
 Како не ти е срам да скиташ до толку доцна ноќе, како уличарите! Кој знае каде одиш и што правиш?! Ти си срам за куќава.
 Стани, мрдни се од креветот, невиден мрзливец. Никој нема да те сака таков/ва.
НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА НАВРЕДУВА. УБАВИОТ ЗБОР Е РЕШЕНИЕ ЗА Сè.
Не. Никој не смее да дозволи да биде омаловажуван. Ако ти се случува тоа, мораш под итно да го решиш тој проблем бидејќи кај тебе тоа може да донесе трајни последици на твојата психа. Тргнувајќи од тоа дека, ако за родителите кои цел живот нé познаваат не вредиме како личности, тогаш нема да вредиме ниту за себе, а најмалку за другите. Никој не смее да го омаловажува своето дете.
Прекорувањето преку навреди е бесмислено и крајно неправилно. Во никој случај не се оправдани тие навредливи зборови. Ниту ти никогаш не смееш да си дозволиш од твојата
уста да излезат такви отровни стрелички.
Запомни: нормално е родителите да те искараат и да те советуваат, но без навредливи зборови. Во секој случај, со добар разговор сé ќе се среди.
ОБИДИ СЕ ДА ГИ ПОПРАВИШ РАБОТИТЕ ПОМЕЃУ ВАС
Помогни ѝ на мајка ти кога готви Така не само што ќе се научиш да готвиш, туку и ќе
ѝ помогнеш на мајка ти побрзо да ги заврши домашните обврски. Можеби сега ќе речеш дека тоа е преголемо „замарање” за тебе, но никој не те тера тоа да го правиш постојано и постојано. Еднаш во неделата е добро да ѝбидеш од корист. Таа ќе го цени твоето внимание и жртвување на твоето скапоцено време (шетање, зборување со другарките, социјални мрежи). Предложи и да направите некој интересен специјалитет и викни ги другарките или момчето на ручек, нека видат сите дека ти не си онаа мрзелива тинка која мисли само на себе.
Поделете ги домашните обврски. Твоите родители имаат дупла работа. Одат и на работа и потоа продолжуваат да работат и низ дома. А ти, што правиш? Седиш пред телевизорот со часови или разговараш на телефон или не си дома. А на твоите им останува целата работа. Дури и за обврска на мајка ти го сметаш средувањето на твојата соба. Треба да ти биде жал за твоите родители. Одат на работа за да можат да ти овозможат сé што посакуваш, а воедно и а те изведат на вистинскиот
пат. Размисли како ѝ е на мајка ти кога ќе се врати изморена од работа, а те наоѓа тебе како си уживаш, а куќата како да ја погодило невреме. Можеш ли да помислиш како се чувствува твојата мајка тогаш?
Прави им друштво на мајка ти или на татко ти понекогаш кога пазаруваат. Кога мајка ти ќе те викне да ѝ правиш друштво до најблискиот маркет за да пазарувате, многу е лесно да ѝкажеш, „не можам, ме мрзи и топло ми е”. Зар неа не ѝе топло? И како не ти е топло кога треба да излезеш со друштвото, а топло ти е да им помогнеш? Тоа не е фер. И твоите родители треба да ти бидат на еден начин другари, затоа што во животот – тие први ќе ти помогнат.
За крај: сакај ги и почитувај ги родителите, помагај им секогаш кога треба и кога можеш затоа што тие се најскапоценото нешто на овој свет. Ништо и никогаш нема да може да ти ги замени ниту нив, ниту нивните зборови, прегратки и поддршка.

Надица Пушкоска
тиин разговори