Search for content, post, videos

Од што се плашиш најмногу?

Фобиите се големи, нерационални стравови од одредени ситуации, предмети, лица или активности… За некои фобии си слушнала. За некои и не знаеш дека постојат. Ние ќе ви откриеме од што сè се плашат луѓето – од затворен простор, од отворен простор, висина…

 

АРАХНОФОБИЈА – страв од пајаци

Ова е најраспространетата фобија од која страдаат најголемиот број луѓе во светот. Се појавува секој пат кога ќе видат пајак, се вознемируваат, потат, се тресат од страв. Оваа фобија е почеста кај девојките отколку кај момчињата.

 

АКРОФОБИЈА – страв од височини

Најчесто е поврзан и со стравот од паѓање, па затоа повеќето луѓе избегнуваат да се кажуваат на повисоки места. Овој страв е чест и го имаат повеќето луѓе во светот.

 

КЛАУСТРОФОБИЈА – страв од затворен простор

Оваа фобија ја имаат многу луѓе, па тие, на пример, никогаш не влегуваат во лифт, во пештери, се плашат да влезат во автомобил или да се возат низ тунел…

 

НЕКРОФОБИЈА – страв од умирање

Никој не ја сака смртта, ама овие луѓе се толку опседнати, што доживуваат нервоза и чувство на паника дури и кога ќе се спомне самиот збор.

 

НИКТОФОБИЈА – страв од темнина

Овој страв е познат и како скотофобија. Најчесто се јавува во детството, ама се надминува како што растеме. Стравот од темнина може да влијае на твоето спиење.

 

ОФИДИОФОБИЈА – страв од змии

Повеќето луѓе се плашат од змии, ама има и такви кои ќе паднат во несвест кога ќе се спомне зборот “змија”… а замисли што би се случило ако видат змија во живо.

 

АЕРОФОБИЈА – страв од летање

Ова е причината што многу луѓе никогаш не се решаваат да патуваат со авион. За некои, дури и самото влегување во авион предизвикува паника, ама таа е најголема при полетувањето, слетувањето и големите турбуленции.

 

КИНОФОБИЈА – страв од кучиња

Речиси секогаш овој страв се јавува како некое непријатно искуство во минатото, и најчесто се јавува кај оние кои, на пример, биле нападнати од луѓе. Ама, може да се појави и како резултат на тоа како ги претставуваат кучињата во филмовите.

 

ХЕМОФОБИЈА – страв од крв

Ти се случило ли да се онесвестиш кога ќе видиш крв? Овој страв се појавува најмногу заради некое непријатно искуство во минатото, но и како последица на предупредувањата дека преку крвта се пренесуваат смртоносни болести.

 

ОПТОФОБИЈА – страв од отворање на очите

Ако некогаш се доделуваат награди за најнезгодни фобии, тогаш победникот е оваа – страв од отворање очи. Отворањето на очите е нешто секојдневно и природно за сите, ама има луѓе кои сметаат дека ова е вистински кошмар.

 

КОРОФОБИЈА – страв од танцување

Ако ноќните клубови, венчавките и гледањето балет те вадат од памет, тогаш е можно да имаш корофобија или страв од танцување. Без оглед на тоа дали знаеш да танцуваш или не, или дали треба да се качиш на подиум, секој настан кој е поврзан со танцување што ти предизвикува страв е знак на корофобија. Еве, сега сигурно си мислиш, “Еј, па не ми било страв од венчавки, туку од фаќањето на оро!”

 

ГЕЛИОФОБИЈА – страв од смеење

Смеењето е многу важно за здравјето. Помага во контактот со другите, го подобрува менталното здравје и состојбата на срцето. Ама, за гелиофобите, смеењето или присуството во друштво на луѓе кои се смеат, може да предизвика огромен страв.

 

ХЕЛИОФОБИЈА – страв од сонце

Ова е многу ретка фобија, ама се шири многу, зашто кај сè поголем број луѓе се јавува страв од рак на кожата, кој го предизвикуваат сончевите зраци. Хелиофобите никогаш не излегуваат на сонце, а фобијата понекогаш е толку голема, што некои луѓе имаат страв и од вештачко светло. Нешто слично како вампирите.

 

НЕОФОБИЈА – страв од нови работи

Луѓето се плашат од промени, ама неофобите се плашат и од најмалите нови работи и искуства. Тие не можат да поднесат шопинг или добивање подароци. Тие не сакаат да пробаат ни нова храна, зашто ако вкусат нешто “непознато”, може да доживеат огромен стрес.

 

СИНГЕНЕСФОБИЈА – страв од роднини

Добро, можеби баш и не ја сакаш тетка ти зашто постојано те бацува, ама постојат луѓе кои имаат вистинскипаничен страв од роднини. Сингенесфобијата е одличен изговор да не си дома кога некој трет братучед или вујната што баш и не ти е вујна, ќе ти се најави на гости.

 

АБЛУТОФОБИЈА – страв од миење/капење

Замисли дека си дел од луѓето кои се плашат да се капат, па бегаат од купатилото како вампир од лук… А сега замисли како им е на оние кои се секојдневно во близина на оние кои се плашат да се искапат.