Search for content, post, videos

Новогодишни занимливости

Неколку недели пред Новата година купуваш елка, или ја вадиш старата, ја китиш со лампиони, разнобојни сијалички, пушташ новогодишна музика… Но сигурно никогаш не си помислила кога за прв пат почнала да се слави Новата година, со што се украсувале првите новогодишни елки, кој ги измислил новогодишните сијалички. ТАА ти открива некои новогодишни занимливости.

Новогодишните сијалички за прв пат почнале да се употребуваат во 1895-тата година.
Првите новогодишни честитки биле измислени во 1843-тата година.
Најгледан новогодишен филм е “It`s a wonderful lifе”.
Најпопуларна новогодишна балетска претстава ширум светот е “Оревокршачка”.
Песната “Јингле беллс” прво била напишана како песна за денот на Благодарноста, но подоцна станала најпопуларна новогодишна песна.
Божик станал национален празник во Америка на 26-ти јуни 1870-тата година.
Неколку недели пред Новата година купуваш елка, или ја вадиш старата, ја китиш со лампиони, разнобојни сијалички, пушташ новогодишна музика… Но сигурно никогаш не си помислила кога за прв пат почнала да се слави Новата година, со што се украсувале првите новогодишни елки, кој ги измислил новогодишните сијалички. ТАА ти открива некои новогодишни занимливости.
Масовното производство на сијалички за елките започнало во 1890-тата година.
Новогодини занимливости

Кока Кола е првата компанија во светот која го искористила Дедо Мраз за својата рекламна кампања.
Во светот најмногу дијаманти се продаваат околу новогодишните празници, многу повеќе  отколку во било кое друго време од годината.
Накитените елки потекнуваат уште од античките Римјани кои ги кителе дрвата со разни парчиња метал за време на Сатурналиа, зимски фестивал во чест на Сатурн, Богот на земјоделството.
Рекордот на најмногу произведени новогодишни дрва во една година го држи американската држава Орегон која во 1998-мата година произвела повеќе од 8 милиони дрва.
Во Мексико ако носиш црвена долна облека за време на новогодишната ноќ, се верува дека ќе ти донесе нова љубов во Новата година.
Околу 30 милиони семејства ширум светот за време на ноговодишните празници купуваат природни елки.
Помошникот на Томас Едисон, Едвард Едисон, во 1882-рата година, дошол до идејата новогодишните елки да се украсуваат со мали електрични сијалички.
Кинезите ја слават Новата година на 9-ти февруари.
Според една легенда, се до 1776-тата година, Нова година се славела на 4-ти јули. Тогаш Американците го зеле тој ден како ден на независнота на Америка.