Search for content, post, videos

Спаси ја планетата

Рециклирај, реупотребувај, заштедувај! Полесно е отколку што си мислиш!
Има некои работи кои можеш да ги направиш сега веднаш, ама со тоа ќе помогнеш во
спасувањето на нашата планета Земја!

Ледените санти се топат, островите се намалуваат…
Што да направиме? Секој човек на планетава може да придонесе за спасување на земјата. Двајца екоактивисти од Америка дале листа на многу ефективни, бесплатни и многу лесни идеи за тоа како може да се спаси светот.
Спаси ја планетата
Рециклирај, реупотребувај, заштедувај! Полесно е отколку што си мислиш!
Има некои работи кои можеш да ги направиш сега веднаш, ама со тоа ќе помогнеш во спасувањето на нашата планета Земја!
Твоја сопствена Шолја
Секоја година се фрлаат милијарди пластични чашки, пластични шишиња, пластични чинии. Повеќето од нив завршуваат во земјата. Затоа, купи си твоја шолја, твој термос, или твое
шишенце од кое ќе си пиеш вода, сокче и слично.
Чисто без хемикалии
Природните средства за чистење како

што се киселината, содата, сокот од лимон, можат многу добро да ги исчистат нечистите површини, без притоа да ја оштетуваат планетата. Затоа, потсети ја мајка ти кога ќе го чистите домот дека има многу поприроди средства за чистење од оние  јаките, миризливи.
Торбички наместо кеси
Кога одиш да купуваш нешто, носи си торбичка во која ќе ги ставиш купените работи. Повеќе од 100 милијарди пластични кеси се фрлаат секоја година. Од оваа година и во Македонија е забранета употребата на пластичните кеси, па така дури и да ти дадат во некоја продавница, заблагодари им се и кажи дека ти се грижиш за нашата планета.
Скрати го туширањето
За една минута туширање се трошат околу 3 литри вода. Ајде пресметај самата колку литри вода ќе потрошиш во една недела ако секој ден се тушираш
Заштеди енергија по 10 минути.
Компјутер, телевизор, радио, сијалица… ако ги оставиш вклучени сите овие
работи, ем ќе добиеш висока сметка за струја, ем ќе ја загадиш планетата. Затоа, ако си завршила со работа на компјутерот, подобро остави го на фукнцијата Sleep mode, одошто да вклучиш
Screen saver, бидејќи тој користи повеќе енергија.