Search for content, post, videos

Стани експерт за флерт!

Флертувањето е секогаш главоболка: како да постапиш паметно? На пример, контакт со очите… знаеш дека е важен, ама дали да го гледаш директно во очи или да го погледнуваш скришум?

Потоа, дали да му речеш нешто или да молчиш и да се смешкаш? Ајде, знаеш ли што да направиш кога одеднаш ќе се појави момчето од твоите соништа? ТАА за тебе има неколку совети за успешен флерт.

Контакт со очите: тој што ти се допаѓа погледни го директно во очи, сврти го погледот, а потоа погледни го уште еднаш. Така ќе му покажеш дека си заинтересирана. Ако и тој те гледа во очи подолго од три секунди, тогаш и тој е заинтересиран. Не смееш да го погледнуваш “под око”, зашто тогаш може да се почувствува како да згрешил нешто. А ако погледот ти талка немирно по просторијата, тогаш тој може да помисли дека бараш некој друг.

Разговор: Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе за него, поставувај му прашања кои не можат да се одговорат со “да” или не”. Додека разговарате би требала да кажеш и нешто за себе. Пробај да избегнуваш муабети од типот: “Мислам дека веќе сме се сретнале некаде…”, иако ваквите изјави понекогаш “палат”. Ама, некогаш може да имаат и спротивен ефект, ако, на пример, навистина сте се сретнале, ама тој не се сеќава на тебе, или се сеќава, ама ни првиот пат не си му оставила впечаток. Затоа, најпаметно е да не го спомнуваш тоа. Не пробувај да глумиш дека си некој друг. Разговарај искрено, биди своја и не користи напамет научени фрази кои делуваат смешно.

Говорот на телото: телото често кажува повеќе од зборовите. Повремено, нежно допри го на раката или по рамото, а ако е заинтересиран за тебе, тој допир може да го натера да посака да почувствува повеќе. Не претерувај – кога ќе го видиш прв пат не му се “внесувај во лице”, зашто тоа може да го исплаши и да посака да избега од тебе.

Облека: преку ден носи светла облека, зашто црното може да направи да изгледаш бледа. Црната боја е одлична за навечер. Најважното правило и за шминката и за облеката е да се чувствуваш добро во неа. Не носи работи што не ти стојат, ниту облека што открива премногу или претесни парчиња кои може да ти пукнат во секој момент. Момчињата сакаат кога девојката не открива сè.

Подиум: и девојките и момчињата сакаат да гледаат луѓе кои играат убаво. Затоа, ако те бива за играње, покажи дека знаеш да се забавуваш добро. А ако анцувањето не ти е силна страна, не претерувај, само пристојни потези, за да не изгледаш смешно.