Search for content, post, videos

Мотоциклот BOLD – Таков каков што (го) сонувате…

А, кој вели дека сонот не може да стане стварност? И најсмелата идеја е остварлива, доколку се работи плански. Уметничката замисла е првиот чекор, а наредните… сè поблиску до целта. Очигледно дека мотоциклот BOLD ја погоди „точката во која се нишани“, благодарение на челичната волја, концептот што го вклучува и дизајнот и… што ли не. Работи на електричен погон, визирот се протега до фарот, дури и под него, итн.

Како што кажува неговото име – BOLD, се работи за мотоцикл со подебели „контури“ во споредба со нормалните, чија инспирација, која доаѓа од програмскиот јазик, влијаела врз дизајнерите на италијанското студио Camal да го направат, и да ги заинтересираат мотоциклистите, да го привлечат нивното внимание, и со надворешниот изглед и со перформансите. Во реализацијата на планот учествувала и Tacita, италијанската мануфактура чија првенствена задача е изработка на електрични мотоцикли. Всушност, меѓусебната соработка резултира со врвен производ што е достапен за тесен круг луѓе, мотоциклисти, поради високата цена и лимитирачкиот фактор – нивниот број. Едноцифрен, се разбира. Обете фирми не ја исклучуваат можноста BOLD да се изработува и по нарачка, ако има интерес. Camal инаку произведува спортски, луксузни автомобили, но, не можејќи да му одолее на големиот предизвик, го ангажира најмладиот дизајнер во студиото да го осмисли т.н. мотоцикл за идните генерации. Придавката предвремен му прилега преубаво бидејќи надворешниот изглед на BOLD е проникнат од идеите на футуризмот. Не случајно, зашто целта ги оправда средствата, во добра смисла, да се слави успехот.

Соработка меѓу италијанските Camal и Tacita резултира со врвен производ што е достапен за тесен круг луѓе, мотоциклисти, поради високата цена и лимитирачкиот фактор – нивниот број. Едноцифрен, се разбира.

Официјално, во прашање е мотоцикл BMW (моделот не се открива), кој служи како база, вклучувајќи ги сопирачките и повеќекатните виљушки Brembo, својствени за спортските мотоцикли. Постојат и други отстапки кога се работи за футуризмот. Запазувањето на традицијата е очигледна и во петстепениот пренос, за кој се заложува Tacita. Оттаму и придавката традиционален бидејќи таков (петстепен) пренос овозможува, како што велат во италијанската мануфактура, најдобар степен на пренос во каква било ситуација, независно од неа, ги намалува прегревањето на моторот и потрошувачката на електрична енергија. BOLD има 100 коњски сили. Доволни се само 2,9 секунди за да „моќноста“ го достигне максимумот, почнувајќи од нула, благодарение на батеријата од 10,6 киловат-часови, која се полни за триесетина минути. Затворениот мотоцикл е одраз на богатата визуелна имагинација, а неговиот ефект предизвикува внимание, кративен восхит. На пример, визирот се протега до фарот, дури и под него, создавајќи комплетен, сеопфатен штит во предниот дел на BOLD, поради што изгледа впечатливо. Боите се јасно дефинирани. Комбинацијата на сребрена (горе) и мат црна (долу) е непогрешна, и опасна. Како да ги повикува зависниците од „адреналин“ на своето најбрзо и најдобро возење од соништата.

BOLD има 100 коњски сили. Доволни се само 2,9 секунди за да „моќноста“ го достигне максимумот, почнувајќи од нула, благодарение на батеријата од 10,6 киловат-часови, која се полни за триесетина минути.