Search for content, post, videos

Хроничен замор

Но, дали и тогаш ќе бидете задоволен, дали ќе бидете поодморен и посреќен? Денот за сите луѓе трае исто, меѓутоа постојат лица кои не можат да се справат со сите дневни обврски, а постојат и лица на кои денот им е доволен да ги извршат сите обврски и да се одморат и релаксираат. Во кој група спаѓате вие?
ПОСТОЈАТ ДВА ТИПА НА ЗАМОР:
ФИЗИЧКИ И ПСИХИЧКИ
Физичкиот замор се јавува кај здрави лица и е последица на физичко оптоварување на поединечни мускулни групи или на целото тело. Овој замор е минлив.
Психичкиот или душевен замор е посебен проблем. Многу е значајно да се напомене дека менталната, умствената работа, сама по себе не заморува. Чувството на психичкиот замор во најголем дел произлегува од нашата емоционална состојба. Заморот на многу луѓе кои се занимаваат со интелектуална и aдминистративна работа се темали пред се на психолошките фактори, под услов да се со солидно физичко здравје.
Во психолошките фактори ги вбројуваме: здодевноста на работното место, незадоволството од работата, чувството дека сме недоволно ценети, недовербата во самиот себе или во своите соработници, или чувството на “малодушност” кое може да се појави кај секој што ќе почувствува дека не е во состојба да ги заврши поставените обврските или кај луѓето кои не се отпорни на неуспеси. Грижите, напнатоста и емоционалните стресови се трите главни причини за замор. Напнатите мускули трошат еднакво количество енергија како и ангажираните мускули. Затоа настојувајте што почесто да се релаксирате.
Научете да ја штедите енергијата за важни цели во вашиот живот. Ова тврдење можете да го
проверете многу едноставно со следниот експеримент: додека седите на своето работно место обидете се да станете свесен за држењето на вашето тело. Дали чувствувате напнатост во некој дел од телото? Дали седите опуштено или сте згрчен? Дали мускулите на лицето ви се напнати? Доколку телото не ви е опуштено, значи дека самиот си создавате нервна напнатост. Следната важна работа што можете да ја направите за себе е да размислите како си ја создавате таа напнатост. Можеби ова сознание ќе ви значи нешто: милиони луѓе во светот воопшто не ни помислуваат да ги трошат своите пари без размислување, а истовремено упорно ја расфрлаат својата енергија (најмногу ментално) и се однесуваат како да ја имаат во неограничени количества.
Привремената исцрпеност е нормална за секој човек и најчесто поминува откако човекот ќе си дозволи да се одмори и опушти. Меутоа, загрижува фактот што во нашето секојдневие е се поприсутна појавата на хроничен замор и психичка исцрпеност. Заморот што трае подолго од шест месеци со појава на општа слабост, чести главоболки, пречки во помнењето, заборавеност, инертност, безволност, чести настинки, несоница или депресија е наречен “синдром на хроничен замор”. Поради ваквата состојба на нашиот ум и тело, често не наоѓаме време за здрав и квалитетен живот, за правилна исхрана, рекреација во природа, спортски активности, дружење со семејството и пријателите, ниту за доволен сон и одмор. Хроничниот замор може да не исфрли од секојдневното функционирање и сериозно да го загрози нашето физичко и психичко здравје. Ваквиот замор доведува до крајна исцрпеност и истоштеност и состојбата не се подобрува со одмор, дури ни со одмор од неколку месеци. Од ваква исцрпеност страдаат многу вработени, студенти, зависници од компјутери, интелектуалци со одговорна работа, спортисти, но и се повеќе деца и млади кои, под притисок на нивните амбициозни родители, трчаат од една во друга активност.
Што може да се направи за да се спречи појавата на замор и нервна напнатост? Што можеме да направиме за да се чувствуваме здрави, одморени и задоволни?
Научете да се опуштите во најразлични ситуации. Ако успеете да се опуштите, половина од грижите сами од себе ќе исчезнат. Затоа најпрво треба да научите како да се опуштите. Можеби ви делува многу едноставно, но  не е така лесно. Тоа значи дека треба да одлучите да смените многу стари навики во вашето секојдневие. Но, вреди да се потрудите затоа што тоа ќе ви го смени животот и ќе ви помогне полесно да се справувате со разните животни предизвици. Напнатоста и згрчувањето се само лоши навики и ништо повеќе. Тоа се навики кои со тек на времето се всадиле во нашата потсвест и претставуваат одбранбен механизам што го активираме Заморот на многу луѓе кои се занимаваат со интелектуална и административна работа се
темали пред се на психолошките фактори, под услов да се со солидно физичко здравје. во стресни ситуации. Но, и опуштањето е навика која можеме да ја стекнеме ако сакаме. Превентивна улога против заморот ќе има и вашата одлука да го користите слободното време за редовно шетање на свеж воздух и за редовно вежбање. Сето ова треба да биде прилагодено на вашите афинитети, возраста и здравствената состојба.
Не претерувајте со газираните пијалаци, кафето, алкохолот. Приоритет дајте и на здравата и избалансирана исхрана богата со свеж зеленчук и овошје. Важно правило за спречување на заморот е да се одмарате што почесто. Одмарајте се и пред да се заморите. Научно е докажано дека физичките работи побрзо и подобро се извршуваат ако на одморот му се посвети доволно време. Истото важи и за умствената работа. Кога работите нешто, настојувајте телото да ви биде во што поудобна положба. Телесната напнатост предизвикува болки во рамениците и психички замор. Научете да ги почитувате и применувате овие едноставни правила и набрзо животот ќе ви стане поведар, поубав и растоварен од несаканите стресови, замор и психосоматски заболувања

Лидија Попчева
Психолог психотерапевт