Search for content, post, videos

Отмени, во кошули од најквалитетни италијански ткаенини, во пролет и во лето

„Секој човек заслужува добро скроена кошула“ – Даниел Стојанов

Факт е дека модните трендови ги диктираат Италијанците, чиј стил е неприкосновен, исто како британскиот, на пример. И францускиот, се разбира. Оттаму и вдахновението, инспирацијата за убавиот живот, вклучувајќи го и надворешниот изглед, префинетоста, рафинираноста, истанчениот вкус. Портофино, Монако…, Даниел Стојанов ја искористи благодатта (нивниот природен луксуз, раскошот) за креативни „цели“, создавајќи бренд – DANIEL KRISTENSEN, чии кошули се први на листата, и овде, и надвор.

Ленена кошула во сина боја, сив тон, со бели вткаени квадратчиња.

Веќе тринаесет години е синоним на квалитетот, луксузноста. Внимателно избраните материјали (ткаенини) од Италија, без оглед на видот (памучни, ленени – 100%), со различни дезени (каро, цветни, со пруги…), модерен крој и сл., придонесуваат за негов перманентен успех, зголемување на побарувачката итн. Изработката е приказна за себе, нешто посебно. На секоја кошула ѝ се придава особено значење, важност, спојувајќи ги триесет и трите парчиња (посебни делови), благодарение на вештите раце на кројачите, шијачите, со цел да ја сочуваат традицијата. Копчињата од „mother of pearl“ ги шијат рачно, како и личното име на клиентот, муштеријата, неговите иницијали и сл. Персонализирањето е својствено за DANIEL KRISTENSEN (www.daniel-kristensen.com), кој важи за пионер, што прв проби нов пат во тукашната индивидуализација на кошулите. Манжетните, јаките, односно крагните се исто така модерни, во исто време и класични, кои се одликуваат со правилни, утврдени форми. А, оваа пролет и летото што следува, ниеден маж што внимава на својот изглед, кој држи до себе, нема да им одолее на дезените, кроевите, платната од најновата колекција што ја потпишува Даниел Стојанов. Во нив, со голема сигурност, ќе изгледа убаво, привлечно, извонредно фино (префинето), без оглед на лежерноста, професијата…, во зависност од пригодата. Двесте дезени (од каро, цветни, со пруги, до фаунски, со риби), стопроцентно памучни и ленени ткаенини, исклучиво со долги ракави бидејќи DANIEL KRISTENSEN го почитува златното правило дека кошула со куси ракави не постои (таа е извитоперена „вистина)… изборот е голем и, едновремено, непогрешлив. Можат да се носат во панталони, фармерки, наполу извадени, па и целосно, над нив, со спуштени, дури и засукани ракави, под лактите, откопчани (едно копче, максимум две) или закопчани. Боите, нијансите се трендовски, исто така. Од јаки (остри, продорни) до суптилни, идеални за прошетка по улиците на Монако, Портофино…, зошто да не.

Кошули од лимитирачката едиција, во земјени тонови, бои.

Игор Ландсберг