Search for content, post, videos

Согласно естетските критериуми… ексклузивна колекција луксузни предмети

Секој поединечно или заеднички, групно, како збирка, го привлекуваат вниманието на множеството информирани, упатени луѓе, кога е модата во прашање, вклучувајќи го и трендот. Понудата и побарувачката се големи, тоа е факт што не може да се оспори, а изборот е Ваш, индивидуален. Согласно естетските критериуми.

Movado – Црн часовник „раб“, со кожено ремче

Швајцарија е водечка земја кога се работи за часовничарскиот занает. Годинава Movado прославува значаен јубилеј, 70-годишнина од неговото основање. Четириесетмилиметарскиот часовник „раб“ е црн, со куќиште, магнетни стрелки (во сребрена боја) и тока од нерѓосувачки челик, кожено ремче, сафирни детали на основата, кои се испакнати. Водоотпорен е до 30 м длабочина. Употребата на кварцот се подразбира. Часовникот чини 501 евро.

 

 

 

 

Coach – Дрвенест, урбан…, како Њујорк

Новиот парфем е инспириран од урбаниот стил, начинот на живеење и забрзаниот ритам на градот. Њујорк, се разбира. Исто така, една од битните карактеристики е неговиот спонтан развој, а енергијата на младите луѓе, па и повозрасните, им ја даваат пријатните дрвенести ароматични состојки – зелени круши, кардамом, ветивер. Негово заштитно лице е Џејмс Франко. Боите на шишенцето се прелеваат, од сини до сиви нијанси, а распрскувачот се „заклучува“. Стомилилитарскиот парфем чини 68 евра.

 

Dolce & Gabbana – Темен шал од печатена свила 

 

На формалниот изглед (црни панталони, тегет сако и блуза со сиви рабови) можете да му додадете темен шал од печатена свила, кој ќе го врзете или завиткате околу вратот, и ќе триумфирате со вашата привлечност. Шалот е со димензии 33×33 см, а шарата, темносините нијанси, ресите придонесуваат за неговиот сериозен изглед. Потсетува на минатото, кога нашите татковци, дедовци, го носеа секојдневно. Неговата цена е 572 евра.