Search for content, post, videos

Во стилот на Џејмс Бонд 007

Секогаш тип-топ, кога се работи за гардеробата, Даниел Крег во улогата на познатиот шпион е пример за маж кој држи до себе и својот изглед во каква било ситуација, дури и во најзаплетканата. Синоним на елеганција. Минималистичките барања ги исполни Том Форд, секако. Преку линијата Капсула.

Даниел Крег и Леа Сејду во Spectre: Бело сако „виндзор“, чии ревери се поставени со сатен $3.740 | Црна пеперутка-машна $250 и бела кошула, секако. | Украсни копчиња за манжетни од оникс и дијаманти $9.950, што одговараат на копчињата од кошулата. | Лакирани црни чевли од телешка кожа, на врзување $1.450. | „Спортски“ панталони, во боја на јаглен, со јамки на појасот $1.190. | Црна ролка од кашмир $1.470 | Класични црни фармерки $680. | Црни високи обувки од гранулирана кожа со патент $1.690.

 

[one_third padding=”0 40px 45px 0″][/one_third][two_third_last]

Од линијата Капсула: Сив костум – струкирано палто и панталони, со елек $5.440 | Црн ремен од гранулирана кожа со тока од паладиум $790 | Класична светлосина кошула $615 | Сина вратоврска од компактно ткаена свила, појака и потемна од бојата на кошулата $220 | Свилено џебно шамиче, сино – графичко или бело $165-175 во зависност од комбинацијата | Испреплетена кожна гривна во боја на саѓи со Т-закопчување $390 | Приврзок на кожно ременче во боја на антрацит $490 | Волнен, црн капут што може да се комбинира и со ролка и со костум $5.590 | Црна торба со трапезоидна форма, од гранулирана кожа, во која има место и за лаптоп, со патент $3.460 | Очила за сонце со поларизирани леќи $455.

 

[/two_third_last]

 

Автор: Игор Ландсберг