Search for content, post, videos

Dita – Очила за сонце инспирирани од автомобилизмот

Американскиот бренд очила за сонце ги спои луксузот, модата и функционалноста, вклучително и љубовта кон натпреварувањето во брзо возење автомобили. Колекцијата Mach Five наиде на голем интерес кај помодарите. Нејзината продажба е ограничена. Рамката на очилата за сонце е титанска, од розово злато, а во средината има мрежа, во форма на дијамант. Ширината на леќите е 6,5 см, должината изнесува 5,5 см. Заштитата е 100 процентна. Чинат 1.555 евра.