Search for content, post, videos

Etro – Сламена шапка со контрастни „тримови“

Идеална е за лето, но може да се носи и во пролет. Сафари стилот (како начин на облекување) е веќе одомаќен кај нас. Авантуристичките патувања низ африканските земји се доста инспиративни, во секој поглед. Сламената шапка со потписот на Etro е пример за нешто поинакво, различно. Исплетените сламени „тримови“, во комбинација со памук и вискоза, на шапката ѝ даваат посебна драж. Боите се природни, земјени. За комплетен впечаток, ставете очила за сонце. Нејзината цена е 179 евра.