Search for content, post, videos

Изненадувачки факти за “нормалните” мажи..

Тешко се дефинира тоа што значи да се биде нормален. Но сигурно секој човек за себе има некои правила и норми, но и сфаќања на поимот нормално. Неретко слушаме изјави од типот колку е тешко да се најде

“нормален” маж, жена, партнер, пријателка…

И додека за поимот нормално и прифатливо однесување секој човек има свое мислење, новото истражување спроведено меѓу мажите открило фасцинантни факти за нивното однесување. Биле откриени некои нивни ставови и уверувања, но и однесувања кои би ве зачудиле.

Новото истражување открило што всушност мислат мажите за стриптиз баровите, за изјавата “те сакам”, маникирањето и многу други нешта.

И иако не постои дефиниција за “нормален” маж, истражувањето спроведено врз 1032 мажи открило некои занимливости за машкото однесување, верувањата и ставовите.

 

А ова се дел од интересните заклучоци…

Дури 44%од мажите изјавиле дека имаат само неколку женски пријателки, но интересно е дека дури 38% изјавиле дека половина од нивните пријатели се од женски пол.

13% од испитаниците изјавиле дека скоро сите пријатели им се жени.

 

Но истражувањето ја открило и романтичната страна на мажите…

66% од мажите рекле дека изразот “те сакам” го кажуваат барем еднаш на ден.

Од друга страна, пак, 37% од испитаниците изјавиле дека не би уживале во стриптиз бар.

Но она што навистина шокира е сознанието дека дури 24% од мажите мастурбираат на работното место, а 9% од испитаниците откриле дека тоа не го прават никогаш.

Изненадува и податокот дека дури 5% од испитаните мажи признале дека носат маскара, а дури 22% ги прикриваат недостатоците на лицето со коректор.